Управниот суд го поништи гласањето во избирачко место 2011 во Теарце

Управниот суд ја уважи тужбата на Коалицијата предводена од СДСМ против решението на Државната изборна комисија УП 1 бр.10-488 од 18-ти месецов и го поништи гласањето на гласачкото место број 2011 во општина Теарце во Изборната единица 6.Одлуката, која е објавена на веб страницата на Управниот суд, ја донесе советот составен од судиите: Лулзим Салиу – претседател на советот, Нада Иванова, Едита Насковска, Снежана Трповска и Исмета Амет – членови на советот, со записничар Aна Ѓорѓиевски – виш судски советник.
– Тужбата на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонијана Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија-СДСМ, – Стевица Јосифовски, се уважува. Решението на Државната изборна комисија УП1.бр.10-488 од 18.12.2016 година, се преиначува и се одлучува: Приговорот УП1.бр.10-488 од 13.12.2016 година, на овластениот претставник на листа на кандидати за избор на пратеници во Собранието на Република Македонија на Коалицијата предводена од Социјалдемократски сојуз на Македонија, се уважува. Гласањето на гласачкото место бр.2011 во Општина Теарце за Изборна единица број 6, се поништува, стои во пресудата.
Како што се наведува во образложението кон пресудата, основани се тужбените наводи за направени неправилности во постапката при донесувањето на оспореното решение.
– Имено, напуштањето на седницата од страна на еден член на комисијата за време на гласањето а кој присуствувал цело време на расправата по приговорот, не може да се смета како воздржан глас, што упатува на заклучок дека оспореното решение, е донесено во постапка и на начин кој е спротивен на член 10 став 2 точка 34 (б) и точка (в) од Законот за измени и дополнување на Изборниот законик (Службен весник на Република Македонија бр.196/2015), во кој е утврдена постапката и на начинот на кој Државната изборна комисија донесува одлуки. Според судот, изјаснување со „воздржан“ ќе се смета како изјаснување „против“ само доколку лично е искажано на седница на Комисијата, се посочува во образложението.
За Управниот суд, исто така, основани се тужбените наводи со кои тужителот истакнува дека недостасува Записникот со број 15 во изборниот материјал со што, се наведува, повреден е член 100 став 2 од Изборниот законик, дека кога член на избирачкиот одбор констатирал дека првото гласачко ливче било откинато со перфорираниот дел од кочанот, и дека за оваа состојба била веднаш известена Општинската изборна комисија, но не било записнички констатирано ниту од Избирачкиот одбор ниту од Општинската изборна комисија, што е спротивно на Изборниот законик.
– Во конкретниот случај, од увидот во списите по предметот и прибавениот целокупен доверлив изборен материјал, Судот утврди дека недостасува образец 15, дека гласачкото ливче со сериски број 1534020 било откинато со перфорираниот дел од кочанот, и дека избирачкиот одбор за оваа состојба ја известил Општинската изборна комисија, која дошла на избирачко место 2011, за овој настан не бил составен записник но бил евидентиран во Дневникот за евиденција на настани, поради што оцени дека се направени суштествени повреди на Изборниот законик. Имено, во Изборниот законик, се утврдени процесни правила кои гарантираат законитост при спроведување на изборниот процес, и изборните органи се должни да постапуваат во секој стадиум од изборниот процес согласно утврдените правила и во таа насока за секое дејствие кое го превземаат пред започнување на гласањето или во текот на гласањето, треба да состават записник онака како е тоа предвидено во Изборниот законик. Само постапка спроведена по строгите изборни правила, гарантира законит изборен процес, па во таа смисла недозволиво е во доверливиот изборен материјал да недостастасува записник, кој претставува доказ од кој единствено може да се утврди во каква состојба бил изборниот материјал, пред почетокот на гласањето на избирачкото место 2011, стои во образложението.
Одлуката на Управниот суд е донесена со мнозинство гласови и против неа не е дозволена жалба.
Се очекува вечерва да биде објавена и пресудата по втората тужба на СДСМ против решението на ДИК, а која беше разгледана вчера.
Управниот суд денеска ги разгледа и преостанатите три тужби на одлуките на ДИК, две поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и едната од ВМРО-ДПМНЕ, кои на јавни седници ги разгледуваа три посебни совета од по петмина судии. Рокот за донесување на одлуките по тужбите кои беа разгледувани денеска истекува утре напладне, односно најдоцна 24 часа по расправата. Одлуките на Управниот суд се конечни.Одлуката, која е објавена на веб страницата на Управниот суд, ја донесе советот составен од судиите: Лулзим Салиу – претседател на совет

Пронајдете не на следниве мрежи: