Ураганот Харви се уште се наоѓа во Хјустон

Ураганот Харви, што во петокот во вечерните часови го погоди Тексас, се уште се движи околу поплавениот Хјустон.Би-Би-Си јави дека метеоролозите предвидуваат дека ураганот ќе го достигне врвот околу среда и четврток.
Харви е најсилниот ураган што го погодил Тексас во речиси повеќе од 50 години.
Како последица од ураганот досега загинаа најмалку девет лица, а повеќе од 3.000 лица се спасени од Хјустон и околината.
Шест лица од исто семејство загинале при обид да се спасат од потопот, наведоа нивните роднини, но инцидентот се уште не е официјално потврден. Претходно беше соопштено за три други смртни случаи.
Во Хјустон во текот на последните неколку денови паднаа околу 75 сантиметри дожд на метар квадратен.
Државната хидрометеоролошка служба на својот Твитер налог наведе дека станува збор за поплави од катастрофални размери што се уште го загрозуваат југоисточниот дел на Тексас и југозападниот дел на Луизијана.
Властите очекуваат дека повеќе од половина милион лица ќе побараат помош.Би-Би-Си јави дека метеоролозите предвидуваат дека ураганот ќе го достигне врвот околу среда и четврток.
Харви е најсилниот ураган што го п

Пронајдете не на следниве мрежи: