Ураганот Ирма се приближува кон Бахами

Откако урганот Ирма предизвика огромни штети во северниот дел на Кариби, почна да се движи кон Бахамските Острови.– Поради ураганот, до утре напладне ќе биде затворен меѓународниот аеродром во Насау, како и помалите аеродроми на соседните острови, соопшти денеска Владата на Бахами.
Во Ураганот Ирма на Кариби загинаа најмалку 10 лица, а илјадници луѓе останаа без своите домови.
Националниот центар за урагани на САД, претпоставува дека Ирма утре и задутре ќе остане со интензитет од четири или пет степени.
Се очекува дека ураганот ќе помине северно од Доминиканската Република и Хаити па ќе стигне до Бахами, а потоа во петок во текот на ноќта ќе помине покрај Куба, по што веројатно ќе се движи на север кон Флорида.
Гувернерот на Флорида, Рик Скот упати апел граѓаните да се подготват за ударот од ураганот Ирма.
– Секое семејство мора да има план. Немојте да седите и да чекате. Подгответе се веднаш. Тоа е ваша одговорност. Морате да ја знаете вашата зона за евакуација, нагласи Скот.
– Понесете го само она што ви е најпотребно, истакна гувернерот.
Во јужниот дел на Флорида се создава огромен сообраќаен метеж поради тековната евакуација.– Поради ураганот, до утре напладне ќе биде затворен меѓународниот аеродром во Насау, како и помалите аеродроми на соседните острови, соопшти

Пронајдете не на следниве мрежи: