Ураганот „Марија“ значително се засили

Loading...

 
 
 
По ураганот „Ирма“, на Карибите сега беснее „Марија“. Прв на удар беше островот Доминика. „Погодени сме брутално“, рече премиерот Скерит.Уништувањата на островот Доминика се огромни. „Не знам колку луѓе загинале. Брутално сме погодени од ураганот 'Марија'“, оцени вчеравечер премиерот Рузвелт Скерит. Според првичните извештаи, разурнувањата се големи, напиша Скерит на Фејсбук.
Тој прво преку социјалната мрежа извести дека лично ја чувствува силата на природата: „Покривот веќе го нема. Препуштен сум на милоста на ураганот. Куќата ми е поплавена“. Нешто потоа премиерот напиша дека е на безбедно: „Спасен сум“, извести Скерит на Фејсбук.
Центарот за урагани во Мајами во меѓувреме го спушти степенот на јачина на ураганот од 5 на 4, но „Марија“ и натаму останува екстремно опасен, со брзина на ветрот до 250 километри на час.
Предупредувањето од урагани и натаму важи во Гваделупе, Девствените острови, како и Сент Китс и Невис, Монсерат и Порторико. На францускиот остров Гваделупе се евакуирани повеќе региони. На островот Мартиник 16.000 домаќинства се без струја. Неколку авиокомпании ги имаат откажано летовите кон и од Мартиник и Гваделупе. Евакуации се во тек и во Доминиканска Република. Раководителот на британските сили за брза реакција во случај на ураган, Крис Остин, изјави: „Се подготвуваме за неочекуваното, планираме за случај на најлошото.“ Холандската морнарица на Твитер соопшти дека војниците се на пат кон малите острови Саба и Сент Еустациус за да се погрижат за безбедност. Испраќање дополнителен број војници и други спасувачки екипи нареди и Франција.
Владите на Велика Британија, Франција и Холандија по пустошот што зад себе го остави „Ирма“ се изложени на обвинувања дека реагирале предоцна на невремето во своите прекуокеански територии. Ирма пред две недели предизвика тешки оштетувања на Карибите. Животот во невремето го загубија околу 40 луѓе. Ураганот потоа се префрли во Флорида, каде загинаа најмалку 50 лица.
Уништувањата на островот Доминика се огромни. „Не знам колку луѓе загинале. Брутално сме погодени од ураганот 'Марија'“, оцени вчеравеч

loading...