Успешен Македонец е кандидат за доктор на науки на Оксфорд

Кристијан Јованоски (22)  кој е еден од деветте Австралијанци кои се натпреваруваат за Роудс стипендијата, е роден во Македонија. Неговите родители биле работници во фабрика во Македонија, а тој не зборувал се до неговата четврта година. Научил англиски од неговите соученици во основното училиште Ст. Албанс Саут, објави австралискиот портал “The age” и порталот „Факултети“.
Кристијан кој завршил средно во Мелбрун Хај, бил инспириран да студира неврологија по борбата на неговата баба со деменција. Тој ќе стане доктор на науки на Универзитетот во Оксфорд откако ќе ги заврши неговите магистерски студии на Универзитетот во Мелбурн.

„Ќе се фокусирам на генетиката во чија основа се спомените и мотивацијата, вели тој. Групата со која ќе работам, откри дека овие движечки генетски елементи во мозочните клетки може да се одговорни за неврогенеративните болести. Неверојатно е колку нешто мало, како генот, може да влијае врз однесувањето и може да резултира со болест која ја парализира една личност. Навистина би сакал да стигнам до суштината на ова прашање“, вели тој.
Професорот Џејмс Агнус, почесен секретар на Роудс комитетот кој предава на одделот за фармакологија на Универзитетот во Мелбуен, вели дека Јованоски има потенцијал еден ден да биде кандидат за освојување на Нобеловата награда.Кристијан Јованоски (22)  кој е еден од деветте Австралијанци кои се натпреваруваат за Роудс стипендијата, е роден во Македонија. Неговите родКристијан Јовановски е на чекор да му се придружи на премиерот на Австралија, Тони Абот, поранешниот премиер Боб Хок и добитникот на Нобелова награда, Сер Џон Еклес како Австралиски Роудс стипендист.

Пронајдете не на следниве мрежи: