Успешно завршија Цевитана Bubble Football турнирите низ Македонија

Успешно завршија Цевитана Bubble Football турнирите низ МакедонијаЦевитана Bubble Football турнирите организирани ова лето за прв пат низ повеќе градови во Македонија, предизвикаа голем интерес каде и да се појавеше караванот на забавата, дружењето и на незаборавното фудбалско искуство. Успешно организираните адреналински натпревари во Струмица, Дојран, Битола, Прилеп, Охрид и во Скопје за големиот број натпреварувачи кои беа распоредени во над 100 екипи донесоа нов вид возбуда.
Цевитана Bubble Football натпреварите, покрај забавата, оставија свој автентичен печат кај сите учесници кои околу својата горна половина од телото носеа големи транспарентни и проsирни бабл топки, така што со нив можеа да скокаат, да се тркалаат и да прават контакт со другите играчи без никаков ризик од повреда. Брендот Цевитана и компанијата Витаминка, како организатори на овие настани, обезбеди интересни подароци за сите пријавени учесници, а беа обезбедени и бројни изненадувања за посетителите на турнирите. Од компанијата ветија дека ваквиот вид на фудбалско збиднување во Македонија ќе продолжи и во наредната година, со идеја тоа да се претвори во долгогодишна летна традиција и забава за сите оние со спортски дух кои бараат и сакаат вакви адреналински искуства.Цевитана Bubble Football турнирите организирани ова лето за прв пат низ повеќе градови во Македонија, предизвикаа голем интерес каде и да се п

Пронајдете не на следниве мрежи: