сабота, 14 ноември 2026
Најново

Уште 60 лица затруени во гостиварско, не јаделе иста храна

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Уште 60 лица побарале лекарска помош во Гостивар, информираат од Министерството за здравство.Bо текот на ноќта, во гостиварската болница, лекарска помош побарале уште 60 нови лица со исти симптоми- дијареа и изнемоштеност.

Од епидемиолошките и другите спроведени мерки, со сигурност може да се констатира дека не постои поврзаност за консумирање храна од еден ист објект.
Од Центарот за јавно здравје и ДСЗИ се на терен и ја следат состојбата. Во тек е обработка на податоци по што надлежните институции ќе излезат со соопштение. Од податоците и информациите, кои ќе ги добијат од подрачниот ЦЈЗ, доколку има потреба ДСЗИ ќе издаде решение со конкретни мерки.Bо текот на ноќта, во гостиварската болница, лекарска помош побарале уште 60 нови лица со исти симптоми- дијареа и изнемоштеност.

Поврзани вести