Уште еден супер маркет од Жито Маркети во Аеродром

Жито Маркети отвори уште еден голем супер маркет во општина Аеродром, кој се наоѓа на булевар Јане Сандански број 67. На површина од 330 метри квадратни и паркинг простор, маркетот располага со 18 вработени и услуга на 4 наплатни каси. Ново-отворениот Жито маркет во Аеродром е посебен заради тоа што покрај широкиот асортиман на производи по ниски цени, располага и со дополнителни содржини. Во склоп на маркетот има и пекара, месара, одел за печени пилиња и пиљара со свежо овошје и зеленчук.„Задоволството на нашите потрошувачи ни овозможи да отвориме уште еден маркет во Аеродром, па подготвени сме да им излеземе во пресрет на нивните потреби и барања, како и секогаш да им понудиме врвна услуга, ниски цени и квалитет на производите што ги имаме“, изјави Далибор Ѓошевски, генерален директор на Жито Маркети.
Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележаа отворањето на овој супер маркет, а покрај големите попусти, гостите ја искористија и својата Жито лојална картичка „Навика да добивам повеќе“ за дополнителни бенефиции при купувањето.
Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од понеделник до сабота од 07:00 часот наутро до 22:00 часот навечер, а во недела од 07:00 часот наутро до 14:00 часот попладне.
„Задоволството на нашите потрошувачи ни овозможи да отвориме уште еден маркет во Аеродром, па подготвени сме да им излеземе во пресрет на нив

Пронајдете не на следниве мрежи: