Утре четири региони од државата во портокалова фаза, следете го препораките од Министерството за здравство

Согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на утрешниот ден (вторник) четири региони во државата ќе бидат зафатени со температури од портокалова фаза, информираат од Министерството за здравство.Станува збор за следните региони: скопскиот регион (Скопје, Велес, Куманово, Свети Николе и околните населени места), Осоговско-малешевскиот регион (Крива Паланка, Кочани, Делчево, Берово и околните населени места), јужновардарскиот регион (Штип, Радовиш, Струмица, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија и околните населени места) и Пелагонискиот регион (Битола, Прилеп, Крушево, Демир Хисар и околните населени места).
Во останатите два региони – Полошкиот регион (Тетово, Гостивар, Кичево, Македонски Брод, Маврово Ростуше и околните населени места) и Охридско-Преспанскиот регион (Охрид, Струга, Дебар, Ресен и околните населени места) се предвидуваат температури од жолта фаза.
-Во регионите кои ќе бидат зафатени со портокалова фаза се препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. Се препорачува на работодавците во овие региони да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Во овие региони, Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период, соопштуваат од Министерството.
За граѓаните од целата држава од Министерството потсетуваат дека е потребно да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури , како што се: заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и редовно земање на терапијата кај хронично болните лица.
Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови потребен е повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.
Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страната www.toplotnibranovi.mk .Станува збор за следните региони: скопскиот регион (Скопје, Велес, Куманово, Свети Николе и околните населени места), Осоговско-малешевскиот регион

Пронајдете не на следниве мрежи: