Утре е Задушница: Посетете ги гробовите на починатите, но ОВА НЕ ПРАВЕТЕ ГО, бидејќи се верува дека е грев

Утре се Митровденски задушници, ден за душата на починатите. Православните верници го одбележуваат овој празник со одење на гробишта, палење на свеќи, делење на храна и пијалоци. Сите знаат што се прави на Задушници, но никој не знае што се случува со душите на покојникот тој ден.Покојните кои на небото не се пречестиле и пред смртта или кои со гревови отишле на оној свет единствено им остануваат молитвите на нивните живи наследници да им го олеснат престојот во пределите во кои се наоѓаат.
Молитвите на живите може да го умилостиват Господ да им го олесни престојот на грешните души до времето на Страшниот суд, а понекогаш и да им ги прости гревовите бидејќи нивните деца за нив со душа се молеле.
Во еден текст на Патријархот Павле пишува: „Евангелсикото учење за бесмрттноста на душата е една од основните вистини на нашата православна вера. Со таа вера нашите сродници и пријатели и после смртта живеат пред Бога Живи, ние христијаните не ја прекинуваме духовната врска со нив, му се молиме на Бога за нив и изведуваме молитви за нивен спокој . Правиме добри дела во нивно име, им приносуваме пченица и црвено вино, палиме свеќи, даваме за нивна душа на нивни врсници.
Свеќата е симбол на светлоста на Христос кој рекол: „Јас сум светлост за светот.“ Таа светлост не потсетува на светлоста со која Христос ги осветлува душите на починатите. Таа е мала жртва на Бог кој се жртвувал за нас. Затоа секоја свеќа се наменува на покојниците одделно, како тие би ја здогледале светлоста на оној свет.
Смислата на пченицата-зготвено жито е да не потсети на зборовите на Христос дека зрното кога умре род донесува и тоа не во темнината на земјата туку во светлината на сонцето. Тоа е симбол на смртното тело и живот на бесмртната душа во светлоста на Царството небесно. Црното вино со кое се прелива ја означува Божјата милост со која се лекуваат нашите рани.

 
Затоа утре на гробишта треба да се делат храна и пијалоци за душата на покојникот. Гробот треба да се закити со цвеќе, да се запали свеќа, да се спреми пченица, да се полие гробот со вода или вино и да се прочита молитва. Доколку на гробот дојде некој од страна, се понудува со храна  иако е непознат – на овој ден никој не се одбива, или брка од гробот.
Се верува дека доколку утре на овој ден, штом ги отворите очите, изговорите молитва за покојните, потоа уште еднаш на гробишта и навечер пред спиење, душата на покојникот ќе пронајде мир и нема да ви доаѓа во сон.
Затоа, утре почнете го денот со молитва, запалете свеќа на гробот на покојникот, поделете храна и пијалок за негова душа и Господ ќе ве погледне.Покојните кои на небото не се пречестиле и пред смртта или кои со гревови отишле на оној свет единствено им остануваат молитвите на нивните живи на

Пронајдете не на следниве мрежи: