Утре ново продолжение на конститутивната седница

Собраниската конститутивна седница на која треба да се изберат членови на Комисијата за избори и именување ќе продолжи утре. Пратениците од ВМРО-ДПMНЕ и коалицијата, попладнево во рамки на 15 продолжение на седницата главно преку реплики и контрареплики побараа од СДСМ да се откаже од платформата од Тирана, која беше главна тема и денеска, како и да се организираат брзи избори за излез од постојната криза.Од СДСМ и коалицијата, пак, се воздржаа од реплики и процердурални забелешки.
Во репликите и контрарепликите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тиранската платформа ја оценија како постизборен инженеринг и кукавичко јајце кое, сметаат, треба да ја наруши изборната волја на граѓаните.
Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ, реплицирајќи му на Љупчо Димовски истакна дека тиранската платформа е постизборен инжинеринг за да се изгира волјата на македонските граѓани, кој, како што рече, е на штета на цела држава, но од кој најмногу се изманипулирани тие што го дале гласот за СДСМ.
Неговиот сопартиец Зоран Илиевски истакна дека платформата доаѓа по се што СДСМ направиле претходно, како приватизацијата, стотици илјади граѓани оставени без работа, промена на име, знаме и територијална организација… Сега, потенцира тој, се оди кон федерализација и урнисување на Македонија.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ побараа одговори дали и што СДСМ договорила за промена на националните симболи, што од законот за јазиците. – Не смееме тоа да го дозволиме. Народот не нид дал мандат да менуваме знаме, химна или унитарниот карактер на државата, рече пратеничката Ане Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
Крсто Јовановски од истата партија смета дека треба и од суштинско значење е изборот на Комисијата, но, додаде, тој треба да биде по опширна дебата за тиранската платформа. Потребни се, рече, нови форми за економски просперитет на државата и граѓаните, а не платформи. – Да одиме на избори и да видиме за што ќе гласаат граѓаните дали за просперитет или за платформи за разнебитување на државата, рече тој.
Неговата сопартијка Лилјана Затуровска истакна дека тиранската платформа, пред да се отфрли, почнала да се спроведува во Струга, каде, како што рече, бил сменет досегашниот претседавач на Советот на општината и поставен нов од СДСМ.
– Денеска албанскиот градоначалник Зијадин Села на национална основа ја подели градинката во Струга, заедно со нивниот коалициски партнер СДСМ, изгласаа надвор од била каква регулатива, и управниот одбор, единствено албанска паралелка од 12 дечиња, а ја отфрлија понудата од ВМРО-ДПМНЕ барем за уште една македонска паралелка да може да се изгласа со околу 20 дечиња, бидејќи 84 македонски дечиња чекаат за престој во градинката, рече Затуроска.
Кога сте во залог на трите потписи од Алијансата за Албанците или Зијадин Села, потенцира таа, вака се остварува платформата во Струга.
Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ во денешната реплика се осврна, на, како што рече, дел од платформата кој се однесува на геноцидот. Потребно, е рече, ако имало геноцид да се каже кој го направил, дали војската на Кралството Југославија, во периодот од 1912 до 1944, потоа во текот на Втората светска војна некоја од трите војски германската, бугарската или италијанската, или пак партизанското движење, или пак по формирањето на новата државата нејзината војска.
Димовски, користејќи користејќи ја можноста за процедурална забелешка, на колегите пратеници од СДСМ им го честита 26-тиот роденден на партијата.
Согласно договореното, во Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да членуваат шест претставници од ВМРО-ДПМНЕ и пет од СДСМ, а ДУИ и БЕСА да имаат по еден член.Од СДСМ и коалицијата, пак, се воздржаа од реплики и процердурални забелешки.
Во репликите и контрарепликите пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, тир

Пронајдете не на следниве мрежи: