четврток, 12 ноември 2026
Најново

Утре времето облачно и врнежливо!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Времето утре претпладне во Македонија ќе биде облачно со слаб локален дожд, а на некои планини со слаб снег. Попладне врнежите ќе престануваат и облачноста ќе се намалува. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено и засилен ветер од северен и северозападен правец. Утринската температура ќе се движи од 1 до 8, а дневната од 8 до 16 степени.Во Скопје слично време, променливо облачно, во утринските часови со услови за слаб дожд, но во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 12 степени.
До сабота времето ќе биде сончево со умерена облачност. Утринските температури наместа ќе се спуштат под нулата, така што во петок се очекува тие да се движат од три до пет, а во сабота од минус четири до три степени.
До петок ќе дува умерен повремено засилен северен ветер. Преодно зголемување на облачноста со слаб локален дожд ќе има во недела. Дневните температури ќе бидат во покачување особено за време на викендот и во почетокот на наредната недела кога наместа ќе достигнуваат и над 20 степени.Во Скопје слично време, променливо облачно, во утринските часови со услови за слаб дожд, но во текот на денот облачноста ќе се намалува. Утринската

Поврзани вести