Утре започнува „Вино-Скоп 2014“

Од утреб- среда 24.09, Скопје е подготвено да ја испише осмата по ред градска приказна наречена „Вино Скоп“. Плоштадот „Карпошово востание“ до Камениот Мост е новата локација каде ќе се одржи овој фестивал, со учество од над 40 македонски винарии, а новитет оваа година е што посетителите ќе имаат можност да пробаат и вински коктели како сангрија и вино мохито на штандот „Wine and Cheese“.Фестивалот ќе биде отворен утре, 24 септември од 18:00 со Дј Тина, веднаш по неа од 21:00 се етно метал бендот Хроматик Поинт, а браќата Тавитијан ќе настапат со својот проект „Македонското срце чука во 7/8 такт“ со специјалниот гостин Аки Рахимовски од Парни Ваљак кој ќе ги изведува старите македонски народни песни.
Вечерта свое обраќање ќе направат винските витези од Република Македонија, а фестивалот официјално ќе биде прогласен за започнат од страна на градскиот татко, господинот Коце Трајановски.
На Вино Скоп по долго време со концерт се враќаат Дарио и Миг 21, а ќе настапат и Фолтин, Куку Леле, Митан Проџект, Бени и Нон Стоп, Дани Димитровска, Миле Кузмановски, Благица Павловска, Уска Кан Оркестар и многу други.
Паркингот до Музејот на холокаустот ќе биде отворен 24 часа за посетителите, а за оние кои ќе дегустираат вино, препорачуваме да конзумираат одговорно и да не возат, туку да се послужат со градскиот јавен транспорт или пеш.
Организаторите како и винариите учесници ветуваат добра музика, дегустација на врвни вина по цени за сечиј џеб, деликатесно мезе во катчето за храна и пет дневна забава до утринските часови.
Вино Скоп 2014, бидете дел од една различна приказна!
Фестивалот ќе биде отворен утре, 24 септември од 18:00 со Дј Тина, веднаш по неа од 21:00 се етно метал бендот Хроматик Поинт, а браќата Тавитијан

Пронајдете не на следниве мрежи: