Утрински ритуал од 23 минути: Навика која ќе ве направи среќни

Мозокот има драстично подобри перформанси кога имате позитивна отколку негативна енергија. Вашата интелигенција расте сразмерно со вашите енергетски нивоа.Затоа, позитивниот ум ви дава голема предност на работното место. Како што објави компанијата “Inc.”, мозокот кој се наоѓа во позитивен режим е попродуктивен за дури 31 процент. 
Затоа ви претставуваме една едноставна утринска рутина која ќе ви одземе само 23 минути. Оваа рутина треба да му стане навика на секој професионалец кој е постојано во брзање. Еве како да ја примените техниката:
Запишете три изјави на благодарност
За кои три нови работи сте благодарни? Запишувајте ги секое утро! Оваа вежба е важна бидејќи ве учи како да ги скенирате и впивате само позитивните работи наместо негативните, толку што на крајот тоа станува несвесно. Ова е најбрзиот начин како да го научите умот да размислува позитивно.
Предвидено време: 2 минути
Водете дневник на едно искуство секое утро

Детално опишете едно искуство кое сте го имале во последните 24 часа. Научниците го назначуваат значењето на ваквата рутина бидејќи мозокот не знае да направи разлика помеѓу визуелизацијата и реалното искуство. Доколку го правите ова 21 ден по ред, вашиот мозок ќе се репрограмира на ова прашање кое е составен дел од вашиот живот.
Предвидено време: 2 минути
Вежбајте
Дури и доколку не сакате да тренирате, имајте утринска активност. Танцувајте, вртете хулахоп, прошетајте го вашето куче или правете нешто во вашата градина (доколку ја имате). Со вежбањето, вашето тело се припрема за креативните процеси кои ве очекуваат во текот на целиот ден. 
Предвидено време: 15 минути 
Покажете ја вашата добрина преку порака или мејл
Ова е најважната ставка од рутината. Напишете позитивна порака во која ќе му се заблагодарите на некого. Науката покажува дека луѓето кои практикуваат пишување на позитивни пораки, подоцна во животот стануваат лидери со високоразвиени социјални вештини и силни врски. А тоа е гаранција за долгорочна среќа.
Предвидено време: 2 минути
Медитирајте 
Дишете и концетрирајте се на дишењето. Тоа ќе му овозможи на вашиот ум да се сконцентрира на една работа и на сегашниот момент. Медитацијата го зголемува нивото на среќа и го намалува нивото на стрес. Вработените во “Google” честопати ја применуваат оваа техника која со сигурност им носи успех.
Предвидено време: 2 минути
 
 Затоа, позитивниот ум ви дава голема предност на работното место. Како што објави компанијата “Inc.”, мозокот кој се наоѓа во позитивен

Пронајдете не на следниве мрежи: