Или немаат време да се измијат или не сакаат козметички производи, или не пуштаат вода кога одат во тоалет – нема што нема во светот на богатите и славните. Воопшто немаат срам.Џони Деп
Заработува милионои, постојано патува, снима и едноставно, вели понекогаш нема време за хигиена. Пријателите на Деп велат дека актерот често знае да заборави да се истушира и со денови оди по светот смрдлив. Ако бањањето ми е непозната работа, не е ни чудо што токму тој ја доби улогата на гусарот Џек Спаров во филмот „Пирати од Карибите“ бидејќи Џек во филмовите прави се освен туширање.
Снуки Полизи
Никол Полизи, попозната како Снуки, признала дека нема полош од нејзе во фрлање пари на скапи козметички препарати. Ѕвездата на “Џерзи Шор“ пронашла совршено решение за себе.
„Наместо скапоцени препареати, пилинг на лице сега правам со песок за мачки. Да, добро чувте, го тријам лицето со песок кој на мачките им се става во WC“, гордо изјавила Снуки.
Метју МекКонахи
„Не скам да имам мирис на ништо, или полошо, мирис од некој друг. Затоа никогаш не користам дезодоранс“, изјавил МекКонахи.
Доколку „осети“ дека мириса, Метју се тушира, подраго му е да го направи тоа и неколку пати на ден, отколку да се мириса со различни спрејови кои би требало да го камуфлиаат неговиот „маженствен мирис“. Познато е дека неговиот омилен спорт е џогирање. Замислете како маженствено мириса откако ќе истрча дваесетина километри.
Меган Фокс
„Да живеете со мене е вистинска ноќна мора. Облеката ја оставам по подот, кеде и да ја соблечам. Никогаш не чистам, не перам. Најлошо од се е што често заборавам да пуштам вода откако ќе одам во тоалет“, признала Фокс.
Пријатели на глумицата често пати зборувале во јавностза тоа колку е „валкана“ Меган особено кога оди во тоалет.
Бред пит
Со Анџелина Џоли одгледува шест деца и покрај тоа има кариера поради која постојано е во движење, или на некое снимање или на некоја премиера. Поради сето тоа не е многу чудно што Бред Пит понекогаш нема време за туширање и што знае да ја запостави хигиената.
Холивудскиот убавец знае толку да смрди што луѓето во негова близина „шмркаат “ со носот. Додека го снимал филмот „Inglourious basterds“ колегата Ели Рут не можел да ја поднесе неговата смрдеа од под пазувите и му дал совет, миризбата да ја ублажи со влажни марамици.
Џесика Симпсон
„Не сакам кога забите ми се премногу мазни. Едноставно ме ежи тоа чувство. И затоа забите не ги чистам повеќе од три пати неделно. Понекогаш ги бришам со крпа и тоа е се“, признала Џесика.
Роберт Патисон
Доволен е само еден поглед на Роберт да им биде јасно на сите дека хигиената не му е приоритет. Доколку не снима некој едиторијал, ѕвездата од филмскиот серијал „Самрак“ наоколу се шета со неуредна коса и валкани алишта.
„Ми се случило толку да мирисам што ми е мака. Тогаш хитно се пресоблекувам бидејќи не можам да поднесам миризба која се шири околу мене“, изјавил Роберт ПатисонЏони Деп
Заработува милионои, постојано патува, снима и едноставно, вели понекогаш нема време за хигиена. Пријателите на Д



