ВАКА ТЕПА МИКИ РУРК: Победи со нокаут во втората рунда. Погледнете!

Холивудскиот актер Мики Рурк, учествуваше во боксерски натпревар за прв пат по паузата од цели 20 години и го победи значително помладиот ривал.Во московската Државна централна концертна сала „Русија“, 62-годишниот актер го победи Елиот Сејмур (29) со нокаут во вториот круг, пренесоа агенциите.
Сејмур два пати падна на земјата по ударите по телото, но при вториот случај не успеа да се крене во рамките на одбројувањето на 10-те секунди, за кои тој требаше да го стори тоа.
Гледачите на социјалните мрежи го опишаа натпреварот како фарса. „Асошиејтед прес“, пак забележува дека натпреварот помина во доста бавно темпо, а двајцата ривали често се оддалечувале еден од друг и го симнувале гардот.
Оваа година Рурк реши да се врати во рингот, инспириран од примерот на поранешниот светски шампион, Русинот Руслан Проводников со кого тренираа заедно во една сала во САД.
Актерот тренираше под водство на познатиот специјалист Фреди Роуч, кој во различни периоди ги имаше тренирано Мајк Тајсон и Оскар де ла Оја.
Погледнете го видеото:
Во московската Државна централна концертна сала „Русија“, 62-годишниот актер го победи Елиот Сејмур (29) со нокаут во вториот круг, пре

Пронајдете не на следниве мрежи: