Ванхауте ги откри вистинските намери на Заев

Поранешниот белгискиот посредник на Меѓународната заедница за Пржинскиот договор, Питер Ванхауте ја откри вистинската намера на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, односно федерализација на Македонија. Ванхауте е познат по своите антимакедонски и политички пораки на Твитер во кои ја фаворизираше СДСМ. Освен тоа, тој во време на преговорите изјави дека Македонија не требала да копира Закони од европските земји, со што упати порака дека Македонија не е достојна за да користи искуства од европските земји.
Ванхауте за порталот „Medium.com“ напиша дека федерализацијата во деведесеттите била ефикасна алатка за решавање на конфликти, како и дека за Македонија таа би била позитивна работа и оти би создала стабилност.
-Од деведесеттите години, можеме да видиме дека доста често, федерализмот се користи како ефективна алатка за решавање на конфликти. Голема предност е дека заедниците можат да добијат еднакви права и еднаков однос кон централното ниво на владеење. Ова создава стабилност која е многу потребна во земја како Македонија, пишува Ванхауте.
Според него, Тиранската платформа има за цел да донесе добри и ефикасни решенија, додавајќи дека нашиот систем е близу целосен колапс.
-Ајде да бидеме сериозни: Што ќе биде најголемата опасност за земја како Македонија? Дали се вистинските барања на албанската заедница, кои за добро и ефикасно решение се можни и покрај тоа што ќе биде потребно да се постават правилни дебати во Собранието – или тоа е авторитарниот стил на некои од лидерите, каде што формирање на влада поддржана од мнозинството од членовите на парламентот е блокирана, каде што не може да се организира локални избори, систем кој е близу целосен колапс?, се вели во текстот на Ванхауте.
Посочува дека Македонија нема да исчезне дека доколку го признае албанскиот јазик за втор службен јазик во Уставот.
-Да заклучиме: без оглед на предлогот од страна на некои од политичките лидери и партии во Македонија, земјата нема да се распадне со прифаќањето на фактот дека “сите граѓани се еднакви.” Земјата нема да исчезне преку препознавање на втор јазик. Напротив, признавајќи дека ќе се живее на крстопатот на различни култури се смета за предност; вашата економија, образовниот систем, научни истражувања и културата можат да имаат корист од него. Различноста е алатка за зајакнување на вашата земја, алатка која очајно ви треба за да изградите подобра иднина, пишува Ванхауте.
Изјавата на Ванхауте доаѓа во време кога се повеќе домашни и странски политичари упатуваат антимакедонски пораки во кои велат дека Македонците не постоеле пред стотина години, дека Македонија не постои, туку тоа е Албанска покраина, дека Егејците не треба да се борат за правата на Македонците во Македонија, туку тоа да го прават во Грција. Сето ова е уште еден доказ дека Ванхауте ги знае, а сега и ги откри плановите на Заев, кога тој би дошол на власт.

Ова не е прв пат Ванхауте да ги фаворизира ставовите на СДСМ. Тој за време на преговорите во Пржино, исплука и по сите препораки на Европската комисија и по сите напори за хармонизација на македонското со европското законодавство. Белгиецот побара Македонија да не ги следи насоките на ЕУ и да не ги копира европските закони. На партиите кои преговараа им го предложи буквално истиот Закон за медиуми, кој претходно беше предложен од СДСМ, а другите партии го одбија. Освен тоа, тој изјави и дека Македонија не е достојна за да користи Закон кој се користи во други европски држави, но претходно изјави и дека „Македонците не се Европејци“.
За потсетување, за време на преговорите Ванхауте викал и се заканувал кон жени, при што извикал „Престанете да се*рете“. Но за тоа да биде уште потрагично, членовите на СДСМ кои во тоа време преговараа премолчеле на таа скандалозна изјава на белгискиот олеснувач.Ванхауте е познат по своите антимакедонски и политички пораки на Твитер во кои ја фаворизираше СДСМ. Освен тоа, тој во време на преговорите изјави

Пронајдете не на следниве мрежи: