Вардар го совлада големиот градски ривал Металург

Ракометарите на Вардар направија огромен исчекор кон пласман во втората фаза од Лигата на шампионите откако вечерва, во салата „Борис Трајковски“, го совладаа големиот градски ривал Металург (27-22) во меч од 5. коло од групата Ц.За црвено-црните ова беше втора победа сезонава во најсилното ракометно клупско натпреварување на Стариот континент со што се изедначија по бројот на бодови со „металурзите“, вкупно по шест за делба на втората позиција на табелата зад неприкосновената Барселона, која по денешната победа против Динамо во Минск има девет бодови.
„Вардарци“ релативно лесно дојдоа до триумфот во пресметката со тимот од скопската населба Автокоманда, прикажувајќи одлична игра во текот на сите 60 минути. Гостинот во вечерашниот меч брзо дојде до опиплива предност, прво со 7-3, а потоа и со 11-5, која потоа умешно ја одржуваше до самиот крај на натпреварот. Шампионот го имаше расположениот голман Страхиња Милиќ како и уште еднаш феноменалниот Тимур Дибуров, кои беа централните фигури во составот предводен од тренерскиот тандем Сергеј Самсоненко-Андон Бошковски, со 13 интервенции односно осум голови.
Металург во ниту еден момент не се предаде целосно, но противникот вечерва едноставно беше подобар. „Металурзите“ најконкретен обид за резултатски пресврт имаа во последната четвртина од средбата кога со неколку голови во серија дојдоа до негатива од три голови (19-22) во 55. минута, најниска уште од самиот почеток на натпреварот. Но, тоа беше се што сторија. Ракометарите на Вардар успеаја да го издржат налетот и ја осигураа максимално заслужената победа.
Покрај Дибиров и Милиќ, одлично во победничкиот табор одигра уште и Игор Карачиќ со седум погодоци, додека кај Металург најдобар беше Павел Атман со седум голови.
Извор. мкд.спортЗа црвено-црните ова беше втора победа сезонава во најсилното ракометно клупско натпреварување на Стариот континент со што се изедначија по бројот

Пронајдете не на следниве мрежи: