Вардар ќе биде Европски гигант, двата најсилни бекови ќе станат дел од „црвено-црните“

Кирил Лазаров и Никола Карабатиќ во Вардар!Ракометниот клуб Вардар ќе биде моќна машинерија од следната сезона и особено од летото 2015 година кога за „црвено-црните“ ќе заиграат двајцата бекови на Барселона, Никола Карабатиќ и Кирил Лазаров. Според информациите за „Република“, трансферите на капитенот на македонската репрезентација и на извонредниот француски репрезентативец се веќе договорени и тие прифатиле да го носат „црвено-црниот“ дрес.
Пред нив како најава за дрим-тимот што го подготвува Вардар и како што веќе беше објавено од повеќе медиуми во нашата земја, „црвено-црните“ летово ќе се засилат и со Арпад Штербик и со Данил Шишкарев. Со левиот бек на Рајнекар Левен, Сергеј Горбок е потпишан договор до 2108 година и тој ќе игра за македонскиот шампион во следниот период. Како што ексклузивно објави „Република“ на крајот од оваа сезона во Вардар доаѓа и хрватскиот бомбардер Блаженко Лацковиќ од Хамбург.
Се преговара и со шпанскиот репрезентативец Хорхе Македа, но засега ангажманот на десниот бел на Нант не е завршен, а вистинска бомба се подготвува за летниот преоден рок во 2015 година. Тогаш во Вардар доаѓаат Карабатиќ и Лазаров, што ветува дека „црвено-црните“ ќе имаат тим и за напад на европската круна.Ракометниот клуб Вардар ќе биде моќна машинерија од следната сезона и особено од летото 2015 година кога за „црвено-црните“ ќе заиграат

Пронајдете не на следниве мрежи: