Вардар победи но Металург останува во игра!

Вардар го доби првиот натпревар со минимални 25:24 (15:14), но Металург ги има сите шанси да дојде до позитивен резултат и до титулата, во реваншот кој ќе се игра во нашиот ракометен храм, во “Автокоманда“. Според очекувањата и според реномето на дербито, видовме одличен и борбен натпревар во кој двете екипи ги вложија сите сили за да дојдат до поволен резултат.
Вардар во поголем дел од средбата одржуваше водство од 1 до 4 гола, но и Металург имаше свои моменти, а првпат поведовме во 21. минута, со петтиот гол на Вугринец. Во првиот дел немавме голема помош од нашите голмани, па Станиќ застанаа на една одбрана, а Мијатовиќ не одбрани ништо. Крајот на првото полувреме го обележа спорната одлука на судијската двојка, која очигледното пробивање на Брумен го окарактеризира како пенал за Вардар, а оправданото негодување на Георгиевски го казни со исклучување. Тоа ме му засмета на Дибиров да поентира за 14:13. На пет секунди до крајот на првото полувреме, преку Димовски израмнивме на 14:14, но Душебаев успеа да постигне гол со удар од десетина метри за 15:14, резултат со кој заминавме на одмор.
Имавме криза во првите десетина минути од вториот дел. На нашиот гол се смени и третиот наш голман Митревски, кој продолжи во стилот на своите колеги и не промени ништо во дотогашниот ефект на нашите голмани. Во нападот направивме неколку грешки, па противникот прво поведе со три гола разлика, 17:14, а во 38. минута првпат и со четири, 20:16. Во прав момент на нашиот гол се врати Дарко Станиќ, кој влезе во ритам и одбрани шест удари на противничките напаѓачи. Вардар имаше предност од четири гола и при 22:18, а последен пат при резултат 25:21. Металург го покажа својот карактер кога, со серија од 3:0, успеа да се врати од длабоката негатива и да го направи резултатот апсолутно поднослив.
На 8 мај се игра реванш средбата, овојпат на наш терен. Ако го задржиме Вардар на 23 гола, тогаш ни е потребна победа од само еден гол разлика, ако, пак, противникот постигне повеќе од 24 гола, тогаш ќе ни треба победа со два гола разлика. Во секој случај, имаме резултат кој е достижен. По кој знае кој пат, најдобар во нашите редови беше маестро Ренато Вугринец, кој постигна 10 гола.

Вардар – Металург 25:24 (15:14)
Вардар: Ангелов, Милиќ, Малумбрес, Козлина, Прибак 4, Тоскиќ 2, Раковиќ, Марковиќ, Карачиќ, Душебаев 5, Абутовиќ, Лазаров 4, Терзиќ, Дибиров 7, Брумен 1 и Чипурин 2.     Седмерци: 2/2.   Исклучувања: 8 минути.
Металург: Станиќ, Мијатовиќ, Митревски, Ојлески 1, Димовски 3, Вугринец 10, Георгиевски 1, Манасков, Миркуловски 5, В.Маркоски, Н.Маркоски, Јоновски, Мојсоски, Циндриќ 4, Кеџо и Борозан.    Седмерци: 5/6.   Исклучувања: 6 минути.
Судии: Митревски Димитар и Тодоровски Благојче од Битола.
Делегати: Начевски Драган и Николовски Ацо од Скопје.
Извор:rkmetalurg.mkСпоред очекувањата и според реномето на дербито, видовме одличен и борбен натпревар во кој двете екипи ги вложија сите сили за да дојдат до поволен

Пронајдете не на следниве мрежи: