Вардар пред многу важна историска битка!

За круна на прекрасната сезона, за историја, за престиж, за радост, за експлозија во Скопје и Македонија, ќе игра Вардар денеска против Фленсбург во реванш четвртфиналето во Лигата на шампионите.„Црвено-црните“ во Скопје го пречекуваат бундеслигашот Флензбург, а противникот има предност од два гола (24:22) од првиот дуел. Вардарци се надеваат дека со помошта од навивачите ќе успеат да се пласираат на „фајнл фор“ турнирот во Лигата на шампионите што ќе се игра во Келн.
Вториот македонски претставник во елитното натпреварување, Металург втора сезона од квалификациите стугнува до четвртфиналето. Извесно е дека  бундеслигашот Кил ќе оди понатаму, а на нашиот претставник по десетте голови негатива од првата средба му преостанува да се прикаже во подобро светло на реваншот во Германија.
Македонец ќе има и на дуелот Барселона и Рајн Некар. Капитенот на македонската репрезентацијата Кире Лазаров со соиграчите од шпанскиот шампион ќе имаат задача да надополнат седум голови од првиот натпревар. Реванш четвртфинални двојки во ракометната ЛШ:  денес 17 часот: Вардар – Фленсбург (22:24 прв натпревар), денес 16 часот: Веспрем – ПСЖ (28:26),денес 20:15 часот: Барселона – Рајн Некар (31:38)уре 14:15 часот: Кил – Металург (31:21).„Црвено-црните“ во Скопје го пречекуваат бундеслигашот Флензбург, а противникот има предност од два гола (24:22) од првиот дуел. Вардар

Пронајдете не на следниве мрежи: