Вашето име открива колку пари ќе имате-Како се викате толку пари ќе имате!

На некои луѓе парите им се лепат, додека другите целиот живот напорно работат, а слабо заработуваат. Одговорот на прашањето зашто е тоа така, се крие во нумеролошката матрица на имињата на секоја личност.
Нумеролошката матрица на имињата на секоја личност е број кој се нарекува број на пари, работа и богатсво. Тој најмногу го одредува вашиот социјален и личен живот, а вие во продолжение дознајте како да го пресметате.
Напишете го своето име и презиме, па во низата подоле пронајдете го бројот кој одговара на секоја буква. Соберете ги броевите од името и презимето одвоени, а потоа соберете ги тие два броја. Собирајте додека не добиете едноцифрен број.
А, И, Ј = 1
Б, К, Р =2
Ц, Г, Л, С, Ќ, Ч, Ш, Љ = 3
Д, М, Т, Ѓ, Џ = 4
Е, Х, Н, Њ = 5
У, В = 6
О, З, Ж, Ѕ = 7
Ф, П = 8
Резултатот на следната страна.

1
Единиците настојуваат секогаш да бидат први. Се трудат совршено да ја извршуваат својата работа, бидејќи од тоа зависи нивното самопочитување. Работодавачите многу ги цената луѓето со број 1. Повеќе ги интересира самата рабоата отколку стекнувањето капитал.

2
Двојките секогаш до себе имаат партнери кои им помагаат да дојдат до пари. Нивните партнери или ги издржуваат или ги вработуваат или им обезбедуваат услови за реализација на своите деловни потенцијали. Способноста на Двојките најмногу доаѓа до израз во тим, па така тие најмногу ќе заработуваат и напредуваат како тим.

3
Тројките многу ги сакаат парите, но до нив доаѓаат само кога ќе им тргне од рака бизнисот да го поврзат со својата голема потреба да се забавуваат. Без талент и среќа, Тројките живеат од споредни, несигурни заработки. Богатството ќе го стекнат само ако имаат вистински талент или луда среќа.

4
Четворките до ништо во животот не стигнуваат лесно. Мораат да вложуваат многу напори за секој успех. Тие мора да одбиваат работи кои вистински ги привлекуваат поради сигурни и подобро платени работи. Четворките се големи работници. Нивниот успех секогаш ќе биде оправдан и заслужен, но судбината, за жал, не ги наградува секој пат.

5
Петките се опуштени личности, па најголемите заработувачки ги чекаат на патувањата и во странство. Петките лесно ја менуваат дејноста, па никогаш нема да бидат сиромашни. Имаат многу таленти кои добро се плаќаат.

6
Шеската бара истомисленици и поврзаност. Затоа најчесто успесите ќе ги постигнуваат низ семејниот бизнис, а ако се занимаваат со некоја креативна работа, тогаш низ ко-авторство. Парадоксот на Шестката е во тоа дека што повеќе даваат, толку повеќе имаат, па ако не успеат да работата во заедница, може да се случи целиот живот да го поминат во сиромаштија.

7
Главна особина на Седмицата е аналитичност. Финансиите не ги интересираат премногу. Во состојба се да работата само за идеи. Ќе ја жртвуваат благосостојбата за да се занимаваат со нешто што навистина го сакаат и во тоа веруваат.

8
Осмиците секогаш тежнеат кон материјални и конкретни резултати. Ним им е најважно да е добро платено она што го работат. Никогаш ништо не работат од чист ентузијазам, бидејќи работа заради работа воопшто не ги привлекува. Целиот живот можат да работат нешто што суштински не ги интересира само ако е добро платено.

9
Од една страна Деветките, тежнеат за работа која ќе има глобално влијание и помош кои ќе можат да го усреќат целото човештво, а од друга страна тежнеат таквата дејност да им донесе брз, лесен и голем профит.
 
Извор: think.mk

Пронајдете не на следниве мрежи: