„Вашингтон пост“: РУСКИ ХАКЕРИ влегле во компјутерскиот систем на Демократската партија во САД

Хакери поврзани со руската влада упаднале во компјутерскиот систем на Националниот комитет на Демократската партија на САД. Тие речиси една година ја шпионирале внатрешната комуникација преку е-пораки и е-разговори. Тоа го објави Вашингтон пост повикувајќи се на извори во раководството на партијата и експерти за безбедност, пренесува МИА.Меѓу украдените податоци се и анализи за Доналд Трамп, кандидатот на републиканците за Белата куќа. Тие анализи се правени од партиски соработници.
Упадот бил откриен во крајот на април. Била повикана фирмата Крауд Страјк специјализирана  за одбрана од кибер напади кои откриле дека две познати руски хакерски групи упаднале во мрежата на НК од летото 2015 година. Според нив, двете групши вршеле политички и економски шпионажи во корист на руската влада и поврзани се со руски разузнавачки служби.
Весникот Вашингтон пост објави дека компјутерскиот систем на НК на ДП бил „среден“ во минатиот викенд.Меѓу украдените податоци се и анализи за Доналд Трамп, кандидатот на републиканците за Белата куќа. Тие анализи се правени од партиски соработници.

Пронајдете не на следниве мрежи: