„Вашите омилени детски книги на едно место-Skopje City Summer Book Fest“

Скопје Сити мол по вчерашната забава со финалистите од Х-Фактор, продолжува со забавата за децата. Вечерва Финале на предизвикот за учество на Кире Лазаров детскиот камп со Кире Лазаров и Борко Ристовски,  а од 20-ти Јуни го започнува првиот детски Skopje City Summer Book Fest.Многу автори, едукација, забава, литературни читања, помош при избор на омилен наслов, умствени игри, анимација и спортски активности за деца, е сликата која ќе можете да ја видите од 20ти јуниво Скопје Сити Мол. Skopje City Summer Book Fest започнува на 20-ти Јуни и трае се до 30-ти Јуни.
 
Скопје Сити Мол за прв пат го најавуваSummer Book Festival. Настанот ќе трае 10 дена, секој ден од 10 до 22 часот. За време на Фестивалот ќе се оддржи изложба на голем број издавачки куќи од Р.Македонија,кои ќе нудат книги и умствени игри за деца. Покрај големата понуда на книги за деца, предвидена е програма за сите посетители како и намалени цени на книгите.
 
Присуство на автори кои ќе ги потпишуваат книгите, едукативен центар за животните на кој сите заедно со ЗОО аниматорот Војо Иванов ќе може да научат многу нови работи на тема животни, учество на Проект на УСАИД „Со читање до лидерство“ – Фондација „Чекор по чекор“со проектот „Библиотека на Тркала“, креативни работилници со материјали за рециклирање поддржани од страна на компаниите од таа област, органски работилници одржани од страна на Беорг и Органскиот Базар, спортски активности, како и многу други интересни содржини ќе бидат реализирани за време на овој настан, кој е прв настан од оваа област во организација на Скопје Сити Мол.
 
„Овој настан од едукативно забавен карактер има цел да ги поттикне младите корисно да го користат својот летен распуст, воедно да се едуцираат по пат на многу забава, а секако и да им овозможи по достапни цени да ги набават своите омилени наслови,“вели Дарко Панчевски од промо тимот на Скопје Сити Мол.
 
Со овој фестивал, Скопје Сити Мол ја докажува посветеноста кон младината, која вчеравечер се собра во голем број на X Фактор мини концертот на кој настапија Боби, Давид, Аднан и Тарик и Амел.
 
Она што ги очекува дечињата вечер во молот е големото финале на предизвикот кој го организираше Скопје Сити Мол со Кире Лазаров Летниот камп за таленти. Откако вечерва ќе бидат одбрани финалистите на кампот, од страна на Кире Лазаров и Борко Ристовски, дечињата заедно со големи ракометни имиња ќе патуваат во Охрид, каде ќе имаат можност да учат од великаните на македонскиот ракомет. Финалето е закажано за денес во 18:00 часот, на влезот на Скопје Сити Мол кај улица Манапо.
 Многу автори, едукација, забава, литературни читања, помош при избор на омилен наслов, умствени игри, анимација и спортски активности за деца, е сл

Пронајдете не на следниве мрежи: