Вчера заврши првиот StartQube – летен камп за млади претприемачи и стартапи

Млади и ентузијастички настроени претприемачи од повеќе држави беа дел од StartQube, каде имаа уникатна можност да ги развиваат нивните идеи и да добијат корисни совети и коментари од искусните ментори. На настанот се среќаваа учесници од Македонија, Словенија, Албанија, Бугарија, Италија, Хрватска, Холандија, Велика Британија, Азербејџан, Гана и САД. StartQube траеше од 1ви до 6ти септември, а се одржа на прекрасна локација, Велестово во Охрид.Неформални работилици, практични вежби, кафе-муабети, спорт, вмрежување, планинарење и лекции во природа, беа само дел од активностите на агендата на StartQube. Сите овие и многу други, беа реалзирани под водство на присутните ментори, кои живееја заедно со учесниците на Велестово и имаа можност да разменат блиски контакти.
Ексклузивно, на StartQube како онлајн ментор се појави и Мајк Бачер, уредник во TechCrunch и еден од 5-те највлијателни луѓе во технолошкиот и стартап светот во Европа. Мајк даде вредни совети за тоа како нашите стартапи да развијат новости кои можат да им гарантираат место во светските медиуми како што е TechCrunch. Впечатоците од настанот се одлични, учесниците велат дека настанот многу им помогнал во остварувањето на нивните намери и дефинирањето на нивните цели. Задоволни се и од пристапот на менторите и блискоста која имаа можност да ја остварат. Ретко постојат вакви настани каде не се поставува „ѕид“ помеѓу менторите и учесниците.

Од друга страна пак, менторите велат дека се многу задоволни од можноста истовремено и да се одморат но и да работат, на така убава локација. За учеснците велат дека е многу занимливо за нив тоа што се толку млади (во просек 22 годишна возраст) а сепак имаат изградено свои ставови и точно знаат што сакаат. Менторите од StartQube изразуваат желба и подготвеност и понатаму да продолжат да им помагаат на нашите млади претприемачи и да ги одржат контактите со сите нив. За организаторите на настанот, ова значеше отворање на многу врати и простор за понатамошни активности.
Благодарни се до сите кои на било кој начин се вклучија со поддршка на настанот, а за во иднина најавуваат дека може да очекуваме само подобри верзии од него. Велат дека им беше предизвик да се организира целиот камп на ваков несекојдневен начин, и да се контактира со сите ментори со цел да дојдат во Македонија на StartQube. Од остварените контакти веќе произлегоа некои натамошни соработки кои наскоро ќе бидат најавени.
StartQube заврши од каде и што почна – центарот на Охрид, но овој пат со предизвик: секој учесник имаше задача да најде прв случаен потрошувач/купувач за предмет кој му беше даден. Целта беше учсниците да излезат од својата комфорна зона и да се обидат да продадат нешто на случаен странец. Од друга страна, преку овој предизвк тие можеа на лице место да ги извежбаат и употребат научените вештини од кампот. Настанот заврши со порака, „до следно видување“, што значи дека би требало да очекуваме и следни активности од организаторите.
„Добро е да се види иницијатива како StartQube во Македонија. Настаните и конференциите имаат способност да постават нови претприемачи од одредена земја на технолошката индустриска „мапа“, и да обезбедат можност за инвститорите и медиумите да се запознаат и да стапат во интеракција со компаниите на брз, ефикасен начин. Фактот дека настанот е поставен на таква убава локација многу помага! Се повеќе, европските претприемачи го користат летото за да учат и да се едуцираат, како и да се релаксираат. Па така, одлично е да се види StartQube како се вклучува кон пошироката европска технолошка заедница!“, изјави Мајк во врска со иницијативата на StartQube и влијанието што ваквите настани го имаат.Неформални работилици, практични вежби, кафе-муабети, спорт, вмрежување, планинарење и лекции во природа, беа само дел од активностите на агендата

Пронајдете не на следниве мрежи: