Вдовицата на Робин Вилијамс КОНЕЧНО ја откри ВИСТИНАТА за неговото самоубиство!

Кога актерот Робин Вилијамс си го одзеде животот во 2014 година, остави милиони фанови, членови од семејството и пријатели во шок, но и сопругата Сузан Шнајдер која не зборуваше ништо во врска со трагичниот настан. Сѐ до сега.Сузан открила дека Робин не го убила депресијата за која сите мислеле дека е главната причина за неговото самоубиство, туку помислата дека боледува од деменција со Левиеви тела, опасна болест која е слична на Алцхајмерот.
„Не беше само депресијата виновник за смртта на Робин. Таа беше само еден од педесетте симптоми и тоа многу мали. Докторите добро си ја вршеа работата, но болеста беше побрза и поголема од нас“ – навела вдовицата на Вилијамс.
Исто така, таа нагласила дека разговарала со еден доктор кој ѝ го отворил очите.
„Докторот ми рече дека Робин е свесен дека ги губи конците и ништо не може да направи во врска со тоа. Се молам за сите луѓе коишто боледуваат од оваа болест и се надевам дека успешно ќе се борат против неа, бидејќи ние не знаевме… Ниту тој не знаеше“ – заклучила Сузан.Сузан открила дека Робин не го убила депресијата за која сите мислеле дека е главната причина за неговото самоубиство, туку помислата дека боледува

Пронајдете не на следниве мрежи: