Вечер на групацијата Volkswagen во Женева: Светска премиера на Т- ROC

Концепт автомобилот од Volkswagen нуди поглед кон новата гама на SUV возилаВечерта пред официјалното отворање на меѓународниот автомобилски саем во Женева,  групацијата Volkswagen  традиционално го претставува најважниот момент. Со светската премиера на Т- ROC брендот Volkswagen нуди поглед кон идната гама SUV возила. Впечатливиот концепт автомобил има прогресивен дизајн, LED светла во предниот дел и кров од два дела кои можат да се извадат и да се добие кабриолет.
Volkswagen во својата гама веќе ги има Tiguan и Touareg едни од најуспешните спортско корисни возила (SUV) кои потекнуваат од Европа. Во иднина, најголемиот европски производител на автомобили ќе ја прошири својата гама со нови модели во различни класи. На автомобилскиот саем во Женева се случија следниве светски премиери: Т- ROC, Golf формат концепт автомобил поставен на скалило надоле од Tiguan, потоа CrossBlue (наменет за САД), CrossBlue Купе (наменет за Кина) и Taigun концепт автомобилот. Со тоа Volkswagen ги покажа идните можни SUV модели.
Т- ROC го следи новиот  дизајн и внатрешен стил. Прогресивниот дизајн во предниот дел е особено впечатлив. Возилото со две врати, исто така, ги има сите карактеристики на спортско корисно возило со погон на сите тркала, кое не се предава кога ќе се соочи со карпести off-road патеки, а дополнително кабината ја исполнува свежиот воздух кој доаѓа преку отворениот кров. Средишниот дел на покривот се состои од две половини кои се флексибилни, можат да се извадат и да се постават во багажниот простор. Предните и задните камери и ноќе, со помош на LED светла, го прошируваат видното поле на возачот .
Моделот има турбо дизел мотор со директно вбризгување  и 135 kW / 184 КС. Кај Т- ROC можат да се изберат три различни режими на возење : „Улица“, „ off-road” и „Снег”. Параметрите на погонот на сите тркала 4MOTION, на 7 степениот DSG автоматскиот менувач со двојна спојка, ABS, Hill Start Assist (помош при тргнување на нагорнина) и Hill Descent (конторла при возење на надолнина) варираат во зависност од изборот на режимот на возење. Потрошувачката со 2.0 TDI моторот е исклучително ниска и изнесува 4,9 l/100 km, додека максималниот вртежен момент е 380 Nm.
Возилото е направено врз основа на MQB платформата. Благодарение на лесната конструкција овој SUV модел тежи само 1420 килограми. Визуелно впечатливи се и релативно кратките издатоци пред и зад тркалата. Додека пак 19 -инчните алуминиумски тркала на кои се поставени гуми со димензии 245/45, го дополнуваат севкупниот впечаток.Вечерта пред официјалното отворање на меѓународниот автомобилски саем во Женева,  групацијата Volkswagen  традиционално го претставува на

Пронајдете не на следниве мрежи: