Вечерва голем концерт на Џибони пред македонската публика

Сплитскиот кантавтор Џибони, денеска (сабота, 16 ноември 2013) ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.Почетокот на концертот е закажан во 21:00 часот, а влезот на арената „Борис Трајковски“ ќе биде отворен за посетителите од 20:00 часот.
Џибони доаѓа во Скопје во придружба на 10 музичари, но и специјалните гости најавени за овој концерт: македонскиот легендарен гитарист Влатко Стефановски и импресивната вокалистка Стефани од славниот и „Греми“ наградуван Лондонски Госпел Хор (The London Community Gospel Choir). Покрај нив гостин на исклучителното концерто доживување ќе биде и Ламбе Алабаковски.Почетокот на концертот е закажан во 21:00 часот, а влезот на арената „Борис Трајковски“ ќе биде отворен за посетителите од 20:00 часот.

Пронајдете не на следниве мрежи: