Вечерва се одржува второто полуфинале од Евровизија

Од 15 натпреварувачи вечерва 10 продолжуваат кон големото финале во Сабота.Вечерва во Копенхаген, Данска ќе се одржи втората полуфинална вечер од Изборот за песна на Евровизија, кој се одржува по 59ти пат. Во вечерашното полуфинале настапува и нашата претставничка, Тијана Дапчевиќ, со песната „To The Sky“.
Покрај Тијана за Македонија, вечерва ќе видиме и претставници од Малта, Израел, Норвешка, Грузија, Полска, Австрија, Литванија, Финска, Ирска, Белорусија, Грција, Словенија и Романија.

 
Од овие, само 10 земји ќе обезбедат пласман во големото финале на 10ти Мај, каде веќе се квалификувани Данска, Франција, Германија, Италија, Шпанија и Велика Британија, како и 10те земји кои во Вторникот се квалификуваа од првото полуфинале: Црна Гора, Унгарија, Русија, Ерменија, Азербејџан, Сан Марино, Украина, Шведска, Холандија и Исланд.

Тијана ќе настапи под реден број 11, а на сцената ќе ја придружуваат Тамара Тодевска, Димитар Андоновски и Никола Перески-Пере како придружни вокали, како и танчерот Дејан Коларов, кој во кореографијата глуми алтер его на Тијана на сцената.Вечерва во Копенхаген, Данска ќе се одржи втората полуфинална вечер од Изборот за песна на Евровизија, кој се одржува по 59ти пат.

Пронајдете не на следниве мрежи: