Вечерва Универзална едвај остана здрава и жива

Малку недостасуваше Универзална да се сруши од смеење.Вечерва Универзалната сала ечеше од смеење. За прв пат во Македонија се случи Stend up Adria Awards. Доделени беа 12 признанија од 34 номинации, сето тоа проследено со неверојатен Балкански хумор. Најголемите Стенд ап комичари од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Македонија, па дури и од Бугарија се собраа во Универзалната сала и ја испратија публиката насмеана. Сите добитници на награди од Адриа регионот имаа свое „излагање“ и на нивниот префинет хумор кој ги опфати сите сфери на живеењето, публиката во салата ни за момент не можеше да остане рамногудушна.
Манифестацијата започна со наградата Стенд ап Adria за животно дело, која му припадна на легендарниот Игор Џамбазов.
Следната награда ја зеде Срѓан Јовановиќ за најдобар машки Стенд ап комичар во Adria регионот.
Истата оваа награда, но во женска конкуренција и припадна на дамата од Хрватска, Марина Орсаг.
Наградата за најдобар клубски Стенд ап комичар му припадна на Домагој Пинтариќ.
Во регионот, како најдобар Стенд ап ветеран се издвои Пеѓа Бајовиќ.
Признанието за најголема надеж во Adria регионот му припадна на младиот Горан Фурјан.
Имаше награда и за најдобриот вон регионот. Бугаринот Иван Кирков ја освои оваа награда.
По овој редослед стигнавме и до признаниата за македонската Стенд ап сцена.
За најдобар македонски машки Стенд ап комичар беше именуван Охриѓанецот Никола Тодоровски.
Во категоријата за најдобар женски Стенд ап комичар беше номинирана Весна Петрушевска која изрази искрена желба следната година да не биде единствена дама која се бави со оваа професија.
За најдобар Стенд ап проект во Македонија за минатата година беше прогласена претставата „Не ме лечи докторе жити мајка„ на Сашо Тасевски.
И на крај, Стенд ап суперстар на Македонија стана Сашко Коцев.
Тони Михајловски беше награден за Стенд ап легенда на Македонија.
И благодариме на целата Стенд ап Adria дружина која ни ги здрви вилиците од смеење.Вечерва Универзалната сала ечеше од смеење. За прв пат во Македонија се случи Stend up Adria Awards. Доделени беа 12 признанија од 34 номинации, се

Пронајдете не на следниве мрежи: