Велевска: Се мажам по втор пат!

Фолк пејачката Елена Велевска речиси и да нема слободен ден,секојдневно ја развеселува нејзината публика ширум Македонија.Покрај усшешната кариера која таа ја гради дваесет години,таа е успешна мајка на три деца и сопруга. Помалку познато е дека Велевска со нејзиниот сопруг Маријан со кој се запозна на турнеја во далечната Австралија,не ја направија свадбената веселба од соништата,баш поради професионалните обврски кои Велевска ги има. „Со Маријан се запознав на една турнеја во Австралија,и веднаш знаев дека тој е маж на мојот живот,се случи љубов на прв поглед. Ме освои со неговата едноставност,со тоа што не ме гледаше како Елена која е на сцена,позната,популарна. Најубавите работи и брзо се случуваат,тој беше таму,јас овде,помина малку време кога Маријан реши да се врати во Македонија и да започнеме да живееме заедно во неговиот роден град Охрид. Нажалост, немавме време за да направиме свадбена веселба како што јас сакав.но и не ми беше жал. Деновиве Маријан организираше се,за да се случи романтично патување на едно егзотично место каде ќе бидеме ние двајца сами.“, изјавува Велевска за Пулс 24.

„Отсекогаш сум ја замислувала својата свадба на плажа некаде,со мал круг на блиски луѓе, далеку од очите на јавноста,и еве тоа и ќе ми се случи. Деновиве и покрај многубројните ангажмани на тоа сум фокусирана и тоа ме прави неизмерно среќна“, изјави Велевска за Пулс 24. Велевска е една од ретките на Македонската естрада која има успешен брак,мајка е и има постојано настапи како во Македонија,така и надвор.

Велевска за Пулс 24 открива и како ги менаџира љубовта и кариерата: -„Кога правите нешто со љубов не може да нема резултати,јас се ова кое го правам како за кариерата,за приватниот живот е искрено.Мојата професија често бара отсуство од дома, но благодарение на Маријан и неговото разбирање тоа се случува без никаков проблем.Многупати сум кажала и ќе повторам дека Маријан е татко за пример и благодарение на него сум овде каде што сум денес.На овие простори ретко кој размислува како него,и нема проблем со моите чести отсуствувања од дома.Ако некој ме запраша која е тајната на мојата кариера,без размислување ќе одговорам дека тоа е успешниот брак,љубовта и почитувањето.“, изјави Велевска за Пулс 24.„Со Маријан се запознав на една турнеја во Австралија,и веднаш знаев дека тој е маж н

Пронајдете не на следниве мрежи: