Велики четврток: Денот кога Јуда го продаде Исус!

На Велики четврток, од Исус се откажаа двата негови ученици, Јуда Искариот и Симон Петар. Прво го продадоа Исус за 30 сребреници, а потоа се откажа во страв и се предадоа на смртта. Подоцна, Јуда се обеси, Петар искрено се покајаПред празникот Пасха, во четвртокот, Исус Христос со учениците се вратил во Ерусалим, каде што на Велики четврток била и Тајната вечера. 
Исус тогаш ја изусти светата Причест со зборовите: “Земете, јадете; ова е Моето тело и пијте од сето тоа, зашто ова е Мојата крв на Новиот Завет, која се пролева за мнозина, за проштавање на гревовите. “Овие зборови можат да се прочитаат во секоја литургија која е централен дел на причестувањето.

 
По вечерата, Христос и неговите ученици заминуваат во Маслиновата гора, на Гетсеманската градина, каде Тој се моли на Отецот, а учениците се надвасани од сонот. Во меѓувреме, Јуда Искариот (претходоно договорен со старешините), ги доведува војниците да Го фатат Исуса. Го предава со бакнеж, оти таков бил договорот за тие да Го препознаат меѓу другите. Тогаш Петар го вади својот нож и го пресекува увото на слугата на првосвештеникот, чие име било Малх. Исус му го исцелува увото на Малха, и го прекорува Петра велејќи му „сите кои се фаќаат за нож, од нож ќе изгинат.“
Вечерва во храмовите има вечерна служба каде што се зборува за 12 евангелија кои ги опишуваат страдањата и воскресението Христово.Пред празникот Пасха, во четвртокот, Исус Христос со учениците се вратил во Ерусалим, каде што на Велики четврток била и Тајната вечера. 

Пронајдете не на следниве мрежи: