Вељаноски: На 11 декември очекуваме фер избори

-На мое задоволство денес присуствуваме на кошаркарски натпревар измеѓу младите од општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ при изборната единица 2. Ова е натпревар во кои младите даваат енергија во своите животи, а енергијата на младите луѓе е значајна не само за партијата на ВМРО-ДПМНЕ туку за целата држава. Затоа ние како партија се грижиме за младите и гледаме тие да бидат влкучени во сите изборни програми, изјави Трајко Вељаноски кандидат за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.-Еден од најзначајните проекти вклучен во изборната програма за 2017/2020 година е изградба на 150 поединечни кошаркарски игралишта и тоа се еден вид улични игралишта кои ќе ги има во секое маало и во секоја општина. Тоа е проект кои произлегува и е многу значаен за младите бидејќи оваа изградба ги опфаќа најпрометните места каде што се собираат младите и овие игралишта ќе ги поседуваат сите соодветни услови кои што треба да го има едно игралиште. Овие игралишта исто така ќе бидат наменети за сите временски услови и тоа е значајно бидејќи овие проекти ќе бидат во соработка на централната власт и локалната самоуправа, потенцираше Вељаноски.
Тој исто така потенцираше дека како кандидат за пратеник смета дека еден од најзначајните проекти е изградбата на овие игралишта.
-Оваа кампања под мотото „Фер игра и почитување на правилата“  е многу значајна и ни дава знак на нас политичките учесници во оваа кампања дека до 11 декември целата кампања треба да заврши со почитување на правилата и фер играта.  А со оваа кампања на граѓаните ќе им се овозможи да одлучат за кого ќе го дадат својот глас, истакна Вељаноски.
-Денеска заедно со претседателот на собранието на Македонија Трајко Вељаноски кој е исто така актуелен кандидат за пратеник организиравме кошаркарски натпревар каде што малдите луѓе од општинската единица  2 ќе ги одмерат своите сили на спортски начин со фер правила и почитување на истите, а се со цел да докажеме дека фер играта и правилата од спортските терени треба да ги префрлиме на теренот на теренот на политичките кампање и да покажеме дека ние како млади ги почитуваме правилата и можеме да бидеме носители на сите демократски текови во нашата држава, изјави кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ  Бојан Стојановски.-Еден од најзначајните проекти вклучен во изборната програма за 2017/2020 година е изградба на 150 поединечни кошаркарски игралишта и тоа се еден в

Пронајдете не на следниве мрежи: