Вељаноски на билатерална средба со Цачева

Во рамките на третата Пленарна сесија на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, претседателот на Собранието на Република МакедонијаТрајко Вељаноски остварил билатерална средба со претседателката на Националното собрание на Република Бугарија, Цецка Цачева.Како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, претседателката на бугарското Национално собрание изразила благодарност за прифатената покана за учество на сесијата на Парламентарното собрание на ПСЈИЕ, што претставува можност за разменување на мислења во однос на стабилноста, процесот на европски интеграции и мигрантската криза во регионот.
За време на средбата, Цачева го запознала Вељаноски за работата на Собранието и за актуелните случувања во Бугарија.
Вељаноски изразил благодарност за поканата за учество, истакнувајќи дека добрососедските односи се од особено значење за стабилноста на регионот и брзото интегрирање на Република Македонија во Европската унија и е од взаемен интерес на двете земји.
На средбата Вељаноски ја запознал Цачева со актуелните случувања во Македонија како на политички, така и на економски и социјален план.
Во однос на политичките случувања во Република Македонија, двајцата соговорници констатирале дека несогласувањата треба самите страни да ги решаваат заеднички и со помош на конструктивен дијалог.
Претседателката на бугарското Собрание на средбата изразила надеж дека Република Македонија што поскоро ќе ја надмине политичката криза реализирајќи го пржинскиот политички договор.
На крајот на средбата, Вељаноски упатил покана до претседателката на Националното собрание на Бугарија да ја посети Република Македонија.Како што соопшти Кабинетот на Вељаноски, претседателката на бугарското Национално собрание изразила благодарност за прифатената покана за учество н

Пронајдете не на следниве мрежи: