Вељаноски се сретна со грчкиот колега Вуцис

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски денеска во рамките на Европската конференција на претседатели на парламенти која се оджува во Стразбур, оствари билатерална средба со претседателот на Парламентот на Република Грција, Николаос Вуцис.На почетокот на средбата, јавува дописникот на МИА од Стразбур, двајцата соговорници изразија големо задоволство од можноста да се сретнат и да разговараат за актуелните предизвици со кои се соочуваат двете соседни земји. Соговорниците се согласија дека ваквите средби се позитивен пример и се особено значајни за идно продлабочување на соработката и натамошно подобрување на вкупните односи меѓу двете држави на сите полиња, ни беше речено од кабинетот на претседателот на Собранието на Република Македонија, со оглед дека двата претседатели одлучија да не даваат изјави.
Во оваа прилика Вељаноски потенцираше дека Република Македонија посветено продолжува да ги негува односите со Република Грција, потсетувајќи на фактот дека двете земји негуваат исти вредности, имаат иста традиција, иста култура и иста вероисповест, односно имаат многу претпоставки за да бидат најблиски пријатели и соседи. Вељаноски потенцираше дека евроатланската интеграција на Република Македонија е наш приоритет и истакна дека е добредојдена помошта од Република Грција која може да ја даде во таа насока.
Претседателот на Собранието истакна дека политичарите треба да се посветат на изнаоѓање на начини како да се сопре спиралата на емитирање на неповолни вести, да се промовираат позитивни примери на соработка во секојдневниот живот помеѓу граѓаните и да се најдат начини на кои ќе се манифестира соработката на полиња за кои има заеднички интерес.
Во однос на парламентарната соработка, Вељаноски во оваа прилика, повика во грчкиот Парламент да се воспостави група за соработка со нашиот Парламент. Во Собранието на Република Македонија и во овој парламентарен состав, како и во сите претходни формирана е пратеничка групаза соработка со Парламентот на Република Грција. Исто така, Вељаноски истакна дека Собранието продолжува да биде отворено за посета на пратениците од Парламент на Република Грција, и притоа упати покана до претседателот Вуцис да биде негов гостин и официјално да ја посети Република Македонија.
Претседателот на грчкиот Парламент Вуцис истакна дека двете земји треба да го земат примерот на помирување на Франција и Германија, кој покажа дека со заедничка соработка и искрени намери може да се надминат сите пречки за успешна заедничка иднина меѓу државите за доброто на нивните граѓани. Тој нагласи дека како претседател на Парламентот, а претходно и како член на извршната власт, секогаш е посветен на подобрување на соработката и севкупните односи, и дека грчката Влада во соработка со нашите министерства преку разни проекти работи на градење на довербата помеѓу двете земји и активно е вклучена на подобрување на билатералните односи меѓу двете земји за идна позитивна соработка.
Во однос на спорот кој долги години е пречка во односите помеѓу Република Македонија и Република Грција, Вуцис истакна дека
треба да се реши на меѓународно ниво, со помош на меѓународното посредништвото кое веќе е воспоставено, и потенцираше дека се надева на поскоро решение кое ќе го прифатат двете страни. Во меѓувреме, според Вуцис, треба да се гледа големата слика и да се работи на продлабочување на постоечата соработка на полињата за кои има заеднички интерес, како што се неколку проекти во однос на меѓународните инвестиции. Ова е многу значајно за двете држави да имаат уште подобра економска и бизнис соработка за поефикасна искористеност на фондовите.
Вуцис истакна дека Европската унија, односно некои од поголемите држави членки, имаат став дека Балканот како целина треба да е маргинализиран и да не е на исто економско ниво со остатокот од Унијата. Оттаму доаѓа и ставот на Европската унија кон Република Грција. Затоа Република Грција би сакала што поскора интеграција на сите земји од Балканот кои не се членки на Европската унија. Тоа би го зајакнало регионот во целина, а би ја подобрила и позицијата на Република Грција.
На крајот на средбата соговорниците потврдија дека денешната средба е почеток на идна подлабока соработка на парламентарно ниво, која треба да претставува и поттик за подобрување на севкупните односи меѓу Република Македонија и Република Грција на сите нивоа.
Ова е прва средба на претседатели на двата парламента.На почетокот на средбата, јавува дописникот на МИА од Стразбур, двајцата соговорн

Пронајдете не на следниве мрежи: