Венчаницата на Анџелина Џоли била украсена со детски цртежи

Венчавката на Анџелина Џоли и Бред Пит  не бил само нивни ден, туку во него ги вклучиле  и своите  деца. Дизајнер на венчаницата на Анџелина е  Луиџи Маси, но вистинските креатори биле нејзините деца. Од напред е едноставен, свилен фустан, но задниот дел бил украсен со цртежите на децата на Анџелина и Бред. „Разговаравме со децата околу венчавката па ги прашавме како тие ја замислуваат, а нивните замисли се премногу смешни. На некој начин, тие ќе бидат организатори“, рекла актерката неодамна во едно интервју.
Судбоносното „да“ Бред и Анџелина го рекоа во саботата во својот француски дворец во кој се наоѓа и мала капела. Освен што учествувале во креирање на венчаницата, децата биле дел и од самата церемонија.  Така Анџелина до олтарот ја допратиле нејзините синови Пакс и Медокс, а Захара и Вивиен фрлале листови од цвеќе додека Шилох и Кнокс ги носеле прстените до олтарот. 

„Разговаравме со децата околу венчавката па ги прашавме како тие ја замислуваат, а нивните замисли се премногу смешни. На некој начин, тие ќе

Пронајдете не на следниве мрежи: