Венецуелците и по 10 часа чекаат да се збогуваат со Чавез

Венецуелските власти повторно го отворија пристапот до просторијата во која е изложен ковчегот со починатиот претседател Уго Чавез, кој беше претходно забранет поради одржувањето на официјалната церемонија на збогување со претседателот на Венецуела на која присуствуваа 33 шефови на држави и претставници на вкупно 54 земји. „Ние повторно го дозволивме пристапот за да може нашиот народ да се збогува (со Чавез), да му ја изрази својата љубов и да ги искажат своите молитви“, изјави министерот за надворешни работи Елиас Хауа. Според властите, Венецуелците стојат во редица пред Воената академија каде што се изложен ковчегот со останките на Чавез, повеќе од 10 часа, а луѓето коишто сакаат да се збогуваат со нивниот водач продолжуваат да пристигнуваат. Редицата се протегала неколку километри и во неа не стојат само жителите на главниот град Каракас, туку луѓе дојдени од целата земја со специјално изнајмени автобуси. Уго Чавез почина на 58 години во вторникот навечер во воената болница во Каракас, откако две години боледуваше од рак кој му беше дијагностициран кон средната на 2011 година.
МакфаксВенецуелските власти повторно го отворија пристапот до просторијата во која е изложен ковчегот со починатиот претседат

Пронајдете не на следниве мрежи: