Венгер: Имаме пари за Фалкао!

Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, французинот Арсен Венгер, изјави дека клубот би можел да го доведе во своите редови колумбискиот интернационалец од редовите на Атлетико Мадрид, Радамел Фалкао, но, со тој трансфер би бил потрошен целиот буџет за засилувања за наредната сезона.
Навивачите на Арсенал се исфустрирани што ни оваа сезона нема да има трофеј во клубските простории на овој тим, па му упатуваат понекогаш критики кон Арсен Венгер на изборот за засилувања во последните неколку сезони.
„Имаме пари за Фалкао, но тоа би значело дека целиот трансфер-буџет да го потрошиме на еден играч“ изјави Венгер.
Се претпоставува дека целиот трансфер на Радамел Фалкао би чинел околу 80 милиони фунти, кога би се земале во предвид обештетувањето кон Атлетико Мадрид, но, и платата за колумбиецот.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, французинот Арсен Венгер, изјави дека клубот би можел да го доведе во сво

Пронајдете не на следниве мрежи: