Венгер: Тешко ми е да го гледам сево ова со Ван Перси…

Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, французинот Арсен Венгер, изрази сигурност во својот став декаРобин Ван Перси оваа сезона ќе му ја донесе титулата на Манчестер Јунајтед во Премиер Лигата.
Манчестер Јунајтед е водечка екипа во Премиер Лигата со 52 бода, седум повеќе од тимот кој е најблизу до Јунајтед, Манчестер Сити, и дури 18 од шесто-пласираниот Арсенал кој има натпревар помалку.
„Тешко ми е да го гледам Манчестер Јунајтед толку далеку пред нас“ искрено призна Венгер на прес-конференцијата за новинарите во пресрет на дерби-натпреварот со Манчестер Сити.
Венгер се осврна и на Робин Ван Перси кој во летниот преоден трансфер-период во продаде на Манчестер Јунајтед за сума од 22 милиони фунти. Холанѓанецот одлично се снајде во Манчестер Јунајтед, постигна 20 голови во сите натпреварувања, а со 16 погодоци е прв стрелец во Премиер Лигата.
„Знаев дека тоа ќе се случи кога го продадовме Робин. Тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот и беше јасно дека ќе продолжи да постигнува голови. Минатата сезона постигна 30 погодоци во лигата, а сега е предводник на Манчестер Јунајтед кон титулата“ изјави Венгер.
Ван Перси имаше понуда и од Манчестер Сити, но Венгер е сигурен дека Холанѓанецот подеднакво добро би се снашол и во Сити.
„Со 29 години е на врвот од својата моќ. Ги помина тешките моменти во кариерата и знае како да игра“ изјави Венгер.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Тренерот на англискиот премиерлигаш Арсенал, французинот Арсен Венгер, изрази сигурност во својот став декаРобин Ван П

Пронајдете не на следниве мрежи: