Корина, сопругата на Михаил Шумахер, го продала приватниот авион вреден 25 милиони долари и семејната викендица во Норвешка, откако се помирила со судбината дека нејзиниот сопруг никогаш во целост нема да оздрави.Возачот на Формула 1 завршил во кома, по тешката повреда на мозокот што ја доживеал на скијање во декември 2013 година. Извори блиски на двојката велат дека оттогаш бил забележан мал напредок во неговото оздравување.
По несреќата, Корина се грижи за неговиот имот чија вредност се проценува на околу пола милијарда фунти.
Неговата куќа во Швајцарија е специјално опремена за него, а во неа има тим доктори, медицински сестри и здравствени работници кои се грижат ништо да не му недостасува.
„Кога стана јасно дека Шуми можеби никогаш нема да се врати, Корина мораше да го прифати својот нов живот. Мораше да дејствува. Ја презема работата во свои раце и доживеа трансформација – од негова сопруга, стана шеф и менаџер на мултимилионска компанија. Таа сега води империја која создава милиони дури и додека тој спие. Се грижи за финансиите, банковните сметки и вработените“, пишува германскиот неделен весник „Бунт“.Возачот на Формула 1 завршил во кома, по тешката повреда на мозокот што ја доживеал на скијање во декември 2013 година. Извори блиски на двојката в



