Тапанарот на популарната група Роксет, Кристер Јансон, почина од рак на 51-годишна возраст, јави шведското радио „Kulturnytt“. Освен со Роксет, Јансон соработувал и со голем број шведски изведувачи.Пејачката Мари Фредриксон и текстописецот, гитаристот, композиторот и пејачот на Роксет, Пер Гесл, ја изразиле својата длабока тага поради веста дека од овој свет си заминал нивен прекрасен пријател и истакнат тапанар.
И на самата Мари пред 13 години ѝ бил откриен тумор на мозокот, но таа успешно била оперирана.
Да потсетиме, светската слава и значајниот комерцијален успех, Роксет го стекнаа кон крајот на 80-тите и во текот на 90-тите години, со низа хитови од кои многу станале евергрини. Оствариле 19 UK топ хитови и неколку US hot 100 хитови, вклучувајќи и четири први места на Билбордовата листа и тоа со песните: The look, Listen to your heart, It must have been love и Joyride.
Роксет имаат продадено околи 60 милиони носачи на звук и настапиле пред голем број фанови на 6 континенти. И денес се популарни ширум светот.
Пејачката Мари Фредриксон и текстописецот, гитаристот, композиторот и пејачот на Роксет, Пер Гесл, ја изразиле својата длабока тага поради веста де



