Вежби за деколте од соништата

Сонот на секоја жена се цврсти и убави гради. Доколку не сте знаеле, постојат едноставни вежби кои ќе можете да ги правите дома и за само петнаесетина минути да ги затегнете и зголемите градите.
 Пред се, градите ги сочинува масното ткиво, а доколку сакате истите да изгледаат поголеми и поцврсти, потребно е да ги зајакнете мускулите кои се наоѓаат под градите. Иако звучи многу напорно, всушност станува збор за едноставни вежби кои можете да ги правите и дома. Бидете упорни бидејќи за овие вежби ви требаат по само петнаесет минути дневно.
 1. Туркање со дланките
Спојте ги дланките во висина на градите и подигнете ги лактите. Силно притиснете ги дланките, останете во таа позиција неколку секунди и опуштете ги мускулите исто така неколку секунди. Постапката повторувајте ја во серии со 10 повторувања.
 2. Оттурнување од ѕид
Потпрете ги двете дланки на ѕид со лесно свиени лакти. Постепено почнете да се оттурнувате од ѕидот со напор со кој ќе можете да издржите барем неколку секунди во таа положба. После тоа опуштете ги мускулите и повторете во 10 серии.

 3. Испреплетени прсти
Оваа вежба е спротивна од претходната, а го има истиот ефект на мускулите. Испреплетете ги прстите на двете раце и подигнете ги лактите во иста висина со дланките. Повлечете ги рацете секоја на својата страна и останете неколку секунди во таа позиција, а после тоа опуштете ги мускулите. Повторно повторете во 10 серии.Сонот на секоја жена се цврсти и убави гради. Доколку не сте знаеле, постојат едноставни вежби кои ќе можете да ги пра

Пронајдете не на следниве мрежи: