Ви ја претставуваме Медисон Зиглер – девојчето кое „растура“ во музичките спотови!

Меди Зиглер, веројатно најмногу ви е позната од спотовите на познатата австралиска пејачка Сиа. Нејзините спотови секогаш знаат да го привлечат вниманието на јавноста поради необичноста и темите кои се обработуваат во нив.Малата Американка Меди, повторно го привлече вниманието по контроверзниот спот за песната „Elastic heart“, во кој глуми заедно со актерот Шаја Лебуф.
Меди е родена како Медисон Зиглер во 2002 година во Питсбург и уште од мали нозе се занимава со различни видови танци.
Од својата двегодишна возраст, Меди тренира балет, акробатика, џез и степување во познатото студио „Еби Ли Милер“. Доживувањата на танчарките од ова студио се документирани во ријалити шоуто „Dance moms“.
Родителите на Меди се развеле токму поради танцот. Нејзината мајка признала дека сопругот скоро и не го гледала, бидејќи постојано ја следи ќерката на проби и седи во студиото додека таа игра. Меѓутоа, таа успешно му го испразнила паричникот, за да биде во состојба на ќерките да им ги плаќа скапите часови.

Да се навратиме во сегашноста. Имено, Меди неодамна преку Твитер им се извини на сите кои биле навредени од сцените кои беа прикажани во спотот „Elastic heart“. Инаку, на Твитер ја следат преку 517.000 луѓе, а на Инстаграм повеќе од 2 милиони.
Меди се појавила и во спотовите на Алекс Калис и Тодрик Хол. Таа кратко време се занимавала и со манекенство за неколку брендови кои произведуваат облека за деца и танчари, а потоа, заедно со помладата сестра Мекензи, покренале сопствена линија за облека „Maddie&Mackenzie collection“.
Меди глумеше и во сериите „Drop dead diva“ и „Austn&Allie“. Неодамна, таа на доделувањето на Греми наградите, изведе нова верзија на спотот „Chandelier“, заедно со комичарката Кристен Виг.
Малата Американка Меди, повторно го привлече вниманието по контроверзниот спот за песната „Elastic heart“, во кој глуми заедно со актер

Пронајдете не на следниве мрежи: