Видал: Можеме да го освоиме „Скудетото“ и Лигата на Шампионите

Фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал изјави дека неговиот тим оваа сезона може да ја одбрани титулата во Италијанската Серија „А“ и притоа да го освои трофејот во Лигата на Шампионите.
„Познато ми е минатото на Јувентус, беа најсилен клуб пред неколку години и убеден сум дека така ќе биде и во иднина. Екипата е сложна, имаме хармонија како на теренот, така и надвор од него. Имаме се што е потребно за да го освоиме „Скудетото“ и Лигата на Шампионите“ изјави Видал.
Видал додаде дека сака да го продолжи договорот со Јувентус, иако италијанските медиуми пренесуваат дека репрезентативецот на Чиле би можел да си замине од италијанскиот тим и да премине во германскиот бундеслигаш Баерн од Минхен.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Фудбалерот на Јувентус, Артуро Видал изјави дека неговиот тим оваа сезона може да ја одбрани титулата во Италијанската

Пронајдете не на следниве мрежи: