Видео: 11 години ги собирала своите влакна за да му сплете џемпер и капа на маж и

Кинескињата Чанг Ренксијан (60) му сплела на својот сопруг џемпер и капа од својата коса, која ја собирала од своите 34 години. За изработка на тие две парчиња облека и било потребно 11 години. Професорката во пензија од Кина, Чанг Ренксијан (60) му сплела на својот сопруг џемпер и капа од својата коса! За да ги заврши тие две парчиња облека и било потребно 11 години.
„Кога бев млада бев препознатлива по својата преубава долга коса. Меѓутоа, како што стареев, сфатив дека и мојата коса го губи сјајниот изглед и паѓа“ – вели професорката и додава дека најпрво долги години ги собирала влакната кои и опаѓале.

„Од своите 34 години почнав да ја собирам паднатата коса. Долги години не знаев што да правам со неа. Трагав по начин како да ја сочувам косата и од неа да направам нешто корисно за мојот сопруг“ – вели Ренксијан.
Таа објаснува дека и требало доста време да ја развие техниката на плетењето со коса, наместо волна.
„Беше потребно многу упорност и трпение, но се на крајот се исплатеше“ – вели Чанг, која прво го сплела џемперот, а потем и капата.
„Што и да се случи со мојата коса во иднина, знам дека ќе ми остане спомен од неа. Џемперот и капата ќе останат како потсетник на сите убави моменти кои јас и маж ми ги имавме“ – заклучила Кинескињата. 
Професорката во пензија од Кина, Чанг Ренксијан (60) му сплела на својот сопруг џемпер и капа од својата коса! За да ги заврши тие две парчиња обле

Пронајдете не на следниве мрежи: