Видео: Бојан Велевски одбележува ДВЕ ГОДИНИ СТАНД АП

На 24-ти (недела), овој месец, во организација на СТАНД АП МАКЕДОНИЈА и продукцијата ДЕЛ РИО ФИЛМС, младиот македонски актер и комичар, Бојан Велевски, одбележува точно 2 години (по)стоење на домашната станд ап сцена.За овие 2 години тој нанижа преку 60-на настапи на домашната и 5 настапи на интернационалната сцена, одигра 5 станд ап претстави изминатата сезона во универзална сала, под капата на СТАНД АП МАКЕДОНИЈА, и е, досега, единствениот Македонец кој настапил на врвниот станд ап фестивал, ПАНЧ – ЗАГРЕБ, кој воедно беше и отворен со неговиот настап.  Во октомври, 2012-та стана првиот македонски комичар кој застанал пред хрватската публика и тоа во најреномираниот станд ап клуб од бившите ЈУ простори, “Студио Смјиеха”, кој постои повеќе од 8 години и каде редовно настапуваат светки станд ап ѕвезди како Стив Хјуз, Чикен Џо, Еди Изард и многу други.
За малиот роденден на 24-ти месецов изјави :
“Сакам, со особено задоволство, да ги поканам сите оние кои ме пратат овие 2 години, на овој мал роденден, на местото каде сè започна, во ресторанот Every Day,во Аеродром. Таму прв пат застанав пред публика и засекогаш ќе се сеќавам на тој мој прв настап. Овојпат, перформансот ќе биде поделен на два дела од по 40-на минути. Ќе направам еден мал highlights од материјалот кој помина најдобро во овие две години и секако ќе има премиера на нов материјал, кој досега на ниедно друго место не е изведен. Инсистирав картата да биде максимално пристапна, за да може секој да си ја дозволи, сепак, станува збор за еден вид роденден.” – кратко изјави Бојан.
Настанот се случува во ресторанот Every Day – Аеродром (веднаш до Фонд за пензиско), кој вечерта ќе биде посебно уреден како елитен станд ап клуб. Почетокот е закажан за 24. 11. 2013 – 21 часот.
Карти (120ден) можете да купите во самиот ресторан, Југотон и Розе – Веро 2.
Доколку сакате самите да си одберете место каде ќе седите, резервирајте си на контакт телефонот 02 245 7788, секој ден од 08ч – 23ч. Бројот на местата е ограничен на само 170.
Во продолжение уживајте во еден од настапите на Бојан во универзална сала:

 
За овие 2 години тој нанижа преку 60-на настапи на домашната и 5 настапи на интернационалната сцена, одигра 5 станд ап претстави изминатата сезона

Пронајдете не на следниве мрежи: