Видео: Брутален инцидент: Четниците на Шешељ го средија „Прохор Пчињски“

На Прохор Пчињски брутален инцидент пред очите на српската полиција. Шешељ и неговите четници насилно ги симнаа македонските државни симболи. Груба агресија врз македонскиот народ на Илинден. Револт и огорченост за невидената навреда и најголемото понижување на Македонија…На 30 јули1990 год. Владата упати апел до граѓаните, за празникот Илинден, 2 Август, да не патуваат за манастирот „Св. Прохор Пчињски“.
Истиот ден, членот на Претседателството на СФРЈ, Васил Тупурковски, во Собранието на РМ предупреди на опасност од општа војна во Југославија, а во законодавниот дом се бара најдобра позиција за Македонија по повлекувањето на ЈНА од Словенија. Државата е пред клучна одлука: Југославија веќе не постои, сега треба да се реализираат најавите дека Македонија нема да остане во каква било скратена федерација. За Илинден, на Мечкин Kамен говореше претседателот на Собранието, Стојан Андов, но очите на јавноста се свртени кон „Прохор Пчињски“, сардисан од четниците на српскиот радикал Воислав Шешељ, кој се закануваше дека за шест часа може да ја прегази Македонија. Во манастирот заминаа само Васил Тупурковски и пратеникот Тодор Петров, а првпат по Втората светска војна, во комплексот немаше прослава на јубилејот на АСНОМ.На 30 јули1990 год. Владата упати апел до граѓаните, за празникот Илинден, 2 Август, да не патуваат за манастирот „Св. Прохор Пчињски“.

Пронајдете не на следниве мрежи: