Видео: „ЧУДО“ на „Турк Телеком Арената“, Весли Снајдер постигна „ЕВРО-ГОЛ“ за Галата

Екипата на Галатасарај направи неверојатен пресврт на натпреварот со Ордуспор во рамките од 23-тото коло од Турскиот Шампионат.
Гостите преку Инан (автогол) во 15-тата минута и Станку (од пенал) водеа со изненадувачки 0-2 на полувремето на гостински терен против Галатасарај.
Но, во вториот дел од овој натпревар чуда се случуваа…
Весли Снајдер со одличен погодок во 58-мата минута намали на 1-2 и навести интересна завршница на овој натпревар.
Јилмаз во 68-мата и 70-тата минута од мечот веќе направи комплетен пресврт, а конечните 4-2 ги постави Инан во 78-мата минута.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Екипата на Галатасарај направи неверојатен пресврт на натпреварот со Ордуспор во рамките од 23-тото коло од Турскиот Ш

Пронајдете не на следниве мрежи: