Видео: Дали победата на Ламбе беше регуларна, а песната плагијат?!

„Со 5000 денари си купија 20.000 евра“ и „Ова се нашите `регуларни` и `ненаместени` фестивали“ – се само дел од реакциите на колеги музичари по социјалните мрежи за победата на Ламбе на „Скопски фестивал“.Како и по секој македонски фестивал, ваквите обвинувања се неизбежни, но првото место сепак му припадна на момчето кое реши повторно активно да се врати на сцената. Наградата од 20.000 евра пак, замина кај комплетниот автор на композицијата „Ќе те чекам јас“, Јован Јованов.
Но, покрај негодувањата околу победникот, на социјалните мрежи се појави и муабетот дека песната е плагијат. Иако има одредено прецизна бројка за тоа колку такта треба да се „позајмени“ од друга песна, за една композиција да биде прогласена за плагијат, дискутабилно е дали и дотичната песна навистина е.
Оние кои ја знаат српската пејачка и нејзиниот опус, на социјалните мрежи ја споредија песната „Ако је до мене“ на Ивана Селаков, со оваа создадена од Јован Јованов.
Дали постои сличност, може да преслушате сами. Сепак поради сите овие чаршиски муабети, навистина не вреди да се оцрнува победата на Ламбе, кој испеа одлично, а реакциите од публиката во салата го потврдија тоа.

Како и по секој македонски фестивал, ваквите обвинувања се неизбежни, но првото место сепак му припадна на момчето кое реши повторно активно да се

Пронајдете не на следниве мрежи: