Видео: Фатени разбојници од Скопје: Проверете дали има ваши украдени предмети на видеото!

Фатени скопски разбојници!СВР Скопје поднесе кривична пријава против лицата Н.Д.(45), К.Х.(48), М.И.(25) и В.К.(20) сите од Скопје, поради постоење основано сомневање дека во временскиот период од 29.06.2012 година до 14.09.2013 година првопријавениот извршил вкупно десет кривични дела “тешка кражба”  предвидени и казниви по член 236 став 1 од КЗ на Р Македонија и единаесет  “обиди за тешка кражба” предвидливо и казниво по чл. 236 став 1 во врска со чл. 19 од КЗ на Р.Македонија.
Од вкупно направените 21 Тешка кражба пријавениот Н.Д. се стекнал со вкупна противправна имотна корист во износот од 1.969.300 денари а причинил материјална штета од 3.800 денари. Се преземаат мерки за утврдување за инволвираност на криминалната група и во други кривични дела. Лицата К.Х., М.И., В.К., сториле кривично дело “прикривање” по квалификација 261 од КЗ на Р.Македонија на начин што учествувале во прикривање и продавање на предметите од кривичните дела. Серијата кривични дела се извршени на подрачјето на град Скопје,  од нив четири дела се извршени во 2012 година а останатите во текот на 2013 година.
 
Кривичните дела првопријавениот ги извршил на идентичен начин, со употреба на погоден предмет (шрафцигер) делувал на бравите во становите и куќите, во одредени случаи со прекачување преку ограда, како и при згодна прилика, влегувал внатре, вршел пребарување во собите кај оштетените и одземал вредни предмети како што се златен накит , мобилни телефони , ЛЦД Телевизори , алкохолни пијалоци, пари, лап топ комјутери, часовници и др. и во договор со останатите тројца пријавени ги нудиле на продажба под цена на реалното што вредат на пазарот.

 
Сторителите се откриени по оперативен пат, истите се приведени и со судска наредба извршен е претрес при што пронајдени се предмети кои потекнуват од кривичните дела сторени од страна на Н.Д., на дел од оштетените лица за кои имаме сознанија дека биле жртви на криминалната група дел од предметите кои ги препознале им се вратени. Првопријавениот во крим евиденцијата на Министерството за внатрешни работи минува за сторени 30 дела од имотни деликти проследени со насилство,  трето и четврто пријавениот исто така минуваат во крим евиденцијата за сторено кривично дело прикривање.
Министерството за внатрешни работи апелира до сите граѓани кои во споменатиот период се жртви на кражби, детално да го погледнат видеото и доколку некој од покажаните предмети го препознаат или се сомневаат дека е нивна сопственост да се обратат во СВР Скопје.
 

Извор: mkd-news.comСВР Скопје поднесе кривична пријава против лицата Н.Д.(45), К.Х.(48), М.И.(25) и В.К.(20) сите од Скопје, поради постоење основано сомневање

Пронајдете не на следниве мрежи: